//Стипендии за докторски и постдокторски студии, како и за истражување во Швајцарија за академската 2019/2020 година

Стипендии за докторски и постдокторски студии, како и за истражување во Швајцарија за академската 2019/2020 година

2018-10-02T10:11:02+00:00 Октомври 02, 2018|
Министерството за образование и наука информира дека Федералната Комисија на Стипендии за странски студенти од Швајцарската Влада за академската 2019-2020 година ќе додели повеќе од 30 стипендии за докторски и постдокторски студии и истражувања за студентите од Централна и Источна Европа и Кавказот, вклучувајќи ја и Република Македонија.
Стипендиите се наменети за кандидати кои имаат завршено универзитетски студии со висок просечен успех, докторски и постдокторски студии и истражувања во сите научни области во секој од познатитет државни универзитети или институти во Швајцарија.
Конкурсот не предвидува доделување на стипендии за додипломски и магистерски студии.
Подетални информации за доделувањето на стипендиите може да се добијат на веб страната на Амбасадата на Швајцарија во Скопје, www.eda.admin.ch/macedonia преку тел. 02 3103300 или преку електронската адреса skopje@eda.admin.ch.
Формуларите за аплицирање и сите потребни документи може да се добијат во Швајцарската амбасада во Скопје, каде што се доставуваат во три примероци, најдоцна до 15 ноември 2018 година.