Врз основа на член 172 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија„ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 178/2021 и 58/2024), Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот во Тетово, се објавува

К О Н К У Р С

за избор-реизбор на наставници во наставно-научни звања, соработнички звања и наставно-научни звања по стручно-уметнички предмети на Универзитетот во Тетово

 

Се објавува Конкурс за избор-реизбор на наставници во наставно-научни звања, соработнички звања и наставно-научни звања по стручно-уметнички предмети на Универзитетот во Тетово:

 

ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден асистент од областа на Компјутерски науки (1.02.00.01 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  2. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Менаџмент и бизнис, Друго (5.02.00.03, 5.02.00.09 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  3. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Компјутерски науки, Друго (1.02.00.01, 1.02.00.04 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  4. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Физика, Образование по физика, Друго (1.03.00.01, 1.03.00.15, 1.03.00.16 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  5. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Математика, Анализа и диференцијални равенки (1.01.00.01, 1.01.00.05 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  6. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Зоологија, Екологија и животна средина, Друго (1.06.00.07, 1.06.00.09, 1.06.00.20 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  7. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Компјутерски науки, Друго (1.02.00.01, 1.02.00.04 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Француска книжевност, Друго (6.02.02.11, 6.02.02.30 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  2. Еден асистент во областа на Германски јазик (6.02.01.17 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Психологија на трудот и организацијата, Друго (5.01.00.07, 5.01.00.11 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

ФАКУЛТЕТ НА УМЕТНОСТИ

 

  1. Еден наставник во наставно-научни звања по стручно-уметнички предмети од областа на Сценскоизведувачки уметности (6.04.02.03 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

ФАКУЛТЕТ НА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Интерна медицина (3.02.00.01 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

Услови за  наставно-научно звање доцент, вонреден и редовен професор:

  • одлука за избор во наставно-научно звање од компетентен орган, доколку има;
  • диплома од завршени додипломски студии;
  • диплома од завршени магистерски студии;
  • диплома за научното звање доктор по науки од научната област во која се избира;
  • кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
  • список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
  • кратка биографија (CV);
  • да го приложи трудот од докторската дисертација;
  • потврда за познавање странски јазик;
  • познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
  • извод од матичната книга на родените;
  • уверение за државјанство.

 

Услови за  наставно-научно звање по стручно-уметнички предмети доцент, вонреден, и редовен професор:

  • одлука за избор во наставно-научно звање од компетентен орган, доколку има;
  • диплома за научното звање магистер по науки од научната област во која се избира;
  • кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
  • список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
  • кратка биографија (CV);
  • да го приложи магистерскиот труд;
  • потврда за познавање странски јазик;
  • познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
  • извод од матичната книга на родените;
  • уверение за државјанство.

 

Услови за соработничко звање:

  • диплома за звањето магистер на науки од научната област во која се избира;
  • кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
  • список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
  • кратка биографија (CV);
  • да го приложи магистерскиот труд;
  • потврда за познавање странски јазик;
  • познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
  • извод од матичната книга на родените;
  • уверение за државјанство.

 

 

*Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за избор во наставно-научни звања, соработнички звања и наставно-научни звања по стручно-уметнички предмети предвидени со членовите 166, 167 и 170 од Законот за високото образование.

 

*Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ја достават во рок од 5 работни дена, од денот на објавувањето на Конкурсот, во Архивата при  Ректоратот на Универзитетот во Тетово, на адреса: Ректорат на Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, б.б. Тетово.

 

Универзитет во Тетово