//Американскиот дипломат Џејмс В. Пердју на Конференцијата на Центарот за мир и транскултурна комуникација го промовира своето дело, книгата „Peacemakers“

Американскиот дипломат Џејмс В. Пердју на Конференцијата на Центарот за мир и транскултурна комуникација го промовира своето дело, книгата „Peacemakers“

2018-06-26T14:10:59+00:00 Април 25, 2018|

На втората конференција на Центарот за мир и транскултурна комуникација, одржана во Чикаго, САД, амбасадорот, дипломатот и архитектот на Охридскиот рамковен договор, Џејмс В. Пердју, ја промовираше својата книга „Peacemakers“.
Во текот на промоцијата на книгата, која во целина ги искажува неговите искуства на Балканот и во која се говори за приговорите на балканските земји за решавањето на одредени спорови, американскиот дипломат Џејмс Пердју зборуваше и за улогата на Меѓународниот комитет.
Тој ја поздрави соработката меѓу Универзитетот во Тетово и Универзитетот во Северен Илиноис. Според него, создавањето на Центарот за мир и транскултурна комуникација од страна на овие два универзитета е многу значајно за установите во Република Македонија и за развојот на општеството, воопшто.
Тој соопшти дека за Универзитетот во Тетово соработката со Универзитетот во Северен Илиноис е една од најзначајните меѓународни соработки, бидејќи Универзитетот во Тетово е една од најважните институции на Балканот, која работи за развојот на многу процеси, посебно на оние od едукативен карактер. „Оваа пофалба е резултат на континуираното ангажирање на проф. д-р Вулнет Амети во издигнувањето на Универзитетот, за промовирање на академските и општествените вредности, како и за универзитетската соработка на глобален план“ – изјави дипломатот Џејмс Пердју.
Џејмс Пердју додаде дека Универзитетот во Тетово дал голем придонес и во унапредувањето на албанското прашање во Република Македонија.
Во знак на благодарност и почит, Проректорот за наука на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Хазир Положани на американскиот дипломат Џејмс Пердју му додели подарок, портрет на албанскиот народен херој, Ѓерѓ Кастриот-Скендербег.
По добивањето на наградата, дипломатот Џејмс Пердју соопшти дека ова е најубавиот подарок што некогаш го добил, бидејќи тој многу добро ја познава историјата на балканските народи, а особено историјата на албанскиот народ.