Почитувани верници од муслиманската вероисповед!

За мене преставува голема чест во својство на Ректор на Универзитетот во Тетово да ви го честитам празникот Рамазан бајрам!

Овој празник се слави по завршувањето на месецот Рамазан, светиот период, во кој верниците од муслиманската вероисповед постат, се жртвуваат и се трудат да ги обноват добрите човечки и духовни вредности.

Рамазан бајрам, овој значаен ден, ни дава можност да ја зајакнеме вербата и да им се посветиме на хуманите дела.

Рамазан бајрам не е обичен празник. Овој празник нè зближува едни со други за да ги изразиме човечките вредности, како почитувањето, толеранцијата и меѓусебното разбирање за подобра иднина.

Од срце ви посакувам да имате добрина и благодат и Господ нека ви ги прими постот и вашите молитви!

Со почит,

проф. д-р Вулнет Амети,

Ректор на Универзитетот во Тетово