Студентите на студиски програми од трет циклус студии – докторски студии, регистрирани во академските 2015/16 и 2016/17 години, во согласност со структурата на студиите од третиот циклус, како и со Правилникот за условите, критериумите, правилата за регистрација и студирање во трет циклус – докторски студии на Универзитетот во Тетово, на 3.3.2018 година, го презентирале напредокот и досегашните достигнувања од нивните научни истражувања.
Комисијата составена од членови на универзитетскиот совет за докторски студии, ментори и професори од релевантни научни области, кои ги процениле јавните презентации, беа задоволни од досегашните резултати и посветеноста на студентите од третиот циклус на нивните докторски дисертации , додека во исто време даваат предлози за понатамошна научна работа.
Презентациите беа јавни и во тие присуствуваа голем број студенти и професори. На докторската конференција присуствуваа студенти од овие студиски програми: Кинезиологија, биомедицина, наука за јазикот-германистика, историја на институции и владеење на правото – историја на државата, меѓународни односи и историја на дипломатијата, современи политички системи, економски науки – финансии, маркетинг, применета економија и историја на албанскиот народ – современиот период, како и биологија – биохемија и физиологија.