//Одбојкарскиот клуб „Универзитет во Тетово” се натпреварува во првата одбојкарска лига на Македонија

Одбојкарскиот клуб „Универзитет во Тетово” се натпреварува во првата одбојкарска лига на Македонија

2018-12-03T14:29:59+00:00 Декември 03, 2018|
Машкиот одбојкарски клуб ОК „Универзитет во Тетово” успешно ја водибитката во првата македонска одбојкарска лига.По три развиени круга, ОК „Универзитет во Тетово” се наоѓа на второто место на табелата. Во моментов, на прво место стои одбојкарскиот клуб Лирија – Жеровјане.
Во рамките на третата недела (14. 11. 2018), ОК „Универзитет во Тетово” играше со македонскиот подшампион, „Весна Пробиштип”, кој гопобеди со вкупен резултат од 3:0 во сетови.Со трите освоени бодови, тетовците даваат сигнали дека ќе бидат главните конкуренти да го освојат овој шампионат.
Победата против ОК „Весна Пробиштип” е втора по ред бидејќи во вториот круг одбојкарскиот клуб „Универзитет во Тетово” триумфираше против ОК „Дибра Волеј”, а во првата недела загуби од ОК „Џио Струмица “.
Во рамките на четвртата недела, ОК „Универзитет во Тетово” ќе се соочи со ОК „Штипски студент”. Одбојкарите на нашиот одбојкарски клуб имаат надеж дека тие ќе триумфираат и оваа недела и ќе продолжат да работат понапорно за да го освојат шампионатот.