Почитувани студенти, објавивме конкурс за апликација на Програмата за размена ЕРАЗМУС+ за зимскиот семестар во академската 2019/20 година.
На веб-страницата на Универзитетот во Тетово www.unite.edu.mk e поставен линкот Еразмус+ каде што имате можност да ги видите универзитетите и студиските насоки со кои имаме потпишан договор за соработка.
Апликацијата се наоѓа на линкот Еразмус+ на веб-страницата, која по пополнувањето ја праќате преку е-маил:
erasmus@unite.edu.mk

Право за аплицирање имаат редовните студенти, од втора година и погоре. Со вашата апликација треба да приложите и мотивационо писмо, препорачано писмо на англиски јазик и потврда дека сте редовен студент.

Рок за аплицирање до 20 мај 2019 г.

За подетални информации да се обратите во Канцеларијата за меѓународна соработка, бр. 224, која се наоѓа во Ректоратот на УТ.