Врз основа на член 172 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија„ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 178/2021 и 58/2024), Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот во Тетово, се објавува
К О Н К У Р С
за избор во соработнички звања на Универзитетот во Тетово
Се објавува Конкурс за избор во соработнички звања на Универзитетот во Тетово:
ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ
- Еден асистент од областа на Специјална едукација и рехабилитација (5.03.00.10 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
Услови за соработничко звање:
- диплома за звањето магистер на науки од научната област во која се избира;
- кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
- список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
- кратка биографија (CV);
- да го приложи магистерскиот труд;
- потврда за познавање странски јазик;
- познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
- извод од матичната книга на родените;
- уверение за државјанство.
*Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за избор во соработнички звања, предвидени со член 170 од Законот за високото образование.
*Работното време на соработникот е определено во согласност со актите на Универзитетот.
*Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ја достават во рок од 8 дена, од денот на објавувањето на Конкурсот, во Архивата при Ректоратот на Универзитетот во Тетово, на адреса: Ректорат на Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, б.б. Тетово.
Универзитет во Тетово