Врз основа на член 172 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Македонија бр. 82/2018), Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот во Тетово, се објавува

 

К О Н К У Р С

за избор на наставници во сите науставно-научни звања, наставно-научни звања по стручно-уметнички предмети и за избор во соработнички звања на Универзитетот во Тетово

 

Се објавува Конкурс за избор на наставници во сите науставно-научни звања, наставно-научни звања по стручно-уметнички предмети и за избор во соработнички звања на Универзитетот во Тетово:

 

 

ФАКУЛТЕТ ЗА УМЕТНОСТИ

 

  1. Еден наставник за стручно-уметничките предмети од областа на актерството.

 

ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден наставник за наставните предмети од областа на специјалната едукација и рехабилитација.

 

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден асистент за наставните предмети од областа на економија.

 

ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ

 

  1. Еден асистент за наставните предмети од областа на фармација.

 

Услови за  наставно-научно звање доцент, вонреден и редовен професор:

  • одлука за избор во наставно-научно звање од компетентен орган, доколку има;
  • диплома за научното звање доктор по науки од научната област во која се избира;
  • кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
  • список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
  • кратка биографија (CV);
  • да го приложи трудот од докторската дисертација;
  • потврда за познавање странски јазик;
  • познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
  • извод од матичната книга на родените;
  • уверение за државјанство.

 

Услови за  наставно-научно звање по стручно-уметнички предмети доцент, вонреден, и редовен професор:

  • одлука за избор во наставно-научно звање од компетентен орган, доколку има;
  • диплома за научното звање магистер по науки од научната област во која се избира;
  • кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
  • список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
  • кратка биографија (CV);
  • да го приложи магистерскиот труд;
  • потврда за познавање странски јазик;
  • познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
  • извод од матичната книга на родените;
  • уверение за државјанство.

 

Услови за соработничко звање:

  • диплома за звањето магистер на науки од научната област во која се избира;
  • кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
  • список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
  • кратка биографија (CV);
  • да го приложи магистерскиот труд;
  • потврда за познавање странски јазик;
  • познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
  • извод од матичната книга на родените;
  • уверение за државјанство.

 

*Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за избор во наставно-научни звања, наставно-научни звања по стручно-уметнички предмети и соработнички звања, предвидени со членовите 166, 167 и 170 од Законот за високото образование.

 

*Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ја достават во рок од 5 работни дена, од денот на објавувањето на Конкурсот, во Архивата при  Ректоратот на Универзитетот во Тетово, на адреса: Ректорат на Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, б.б. Тетово.

 

 

                                                                                                  Универзитет во Тетово