Врз основа на член 172 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија„ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 178/2021 и 58/2024), Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот во Тетово, се објавува
К О Н К У Р С
за избор-реизбор на наставници во сите наставно-научни звања и за избор-реизбор на соработници на Универзитетот во Тетово
Се објавува Конкурс за избор-реизбор на наставници во сите наставно-научни звања и за избор-реизбор на соработници на Универзитетот во Тетово:
ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ
- Eден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Фармацевтска технологија со индустриска фармација и микро/нанотехнологија, Фармацевтска биотехнологија (05.02.13, 3.05.02.12 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Eден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Фармацевтска технологија со индустриска фармација и микро/нанотехнологија, Социјална фармација (05.02.13, 3.05.02.04 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Eден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Хигиена, Друго (3.03.01.02, 3.03.01.09 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Eден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Урологија, Детска хирургија (02.00.31, 3.02.00.32 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Eден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Кардиологија, Друго (3.02.00.02, 3.02.00.40 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Eден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Педијатрија (02.00.14 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Двајца наставници во сите наставно-научни звања од областа на Гинекологија и акушерство (02.00.24 14 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Eден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Дигестивна хирургија (3.02.00.34 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Eден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Интерна медицина, Кардиологија (3.02.00.01, 3.02.00.02 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Eден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Неврологија (3.02.00.11 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ
- Еден асистент од областа на Специјална едукација и рехабилитација (5.03.00.10 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
Услови за наставно-научно звање доцент, вонреден и редовен професор:
- одлука за избор во наставно-научно звање од компетентен орган, доколку има;
- диплома од завршени додипломски студии;
- диплома од завршени магистерски студии;
- диплома за научното звање доктор по науки од научната област во која се избира;
- кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
- список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
- кратка биографија (CV);
- да го приложи трудот од докторската дисертација;
- потврда за познавање странски јазик;
- познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
- извод од матичната книга на родените;
- уверение за државјанство.
Услови за соработничко звање:
- диплома за звањето магистер на науки од научната област во која се избира;
- кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
- список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
- кратка биографија (CV);
- да го приложи магистерскиот труд;
- потврда за познавање странски јазик;
- познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
- извод од матичната книга на родените;
- уверение за државјанство.
*Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за избор во наставно-научни звања и во соработнички звања, предвидени со член 166 и 170 од Законот за високото образование.
*Работното време на наставникот е определено во согласност со актите на Универзитетот.
*Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ја достават во рок од 8 дена, од денот на објавувањето на Конкурсот, во Архивата при Ректоратот на Универзитетот во Тетово, на адреса: Ректорат на Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, б.б. Тетово.
Универзитет во Тетово