Универзитетот во Тетово, како место за едукација на новите генерации во Р Македонија, денеска во своите простории ги прими матурантите од сите градови на нашата земја и пошироко. Нивното масовно присуство на Универзитетот во Тетово е доказ за ангажирањето и посветеноста на Универзитетот кон новите генерации, а токму затоа и целта на овој настан е запознавање на идните студенти со просториите, условите и со можностите што ги нуди нашиот Универзитет, изјави Проректорот за настава на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Решат Ќахили.
„На Отворениот ден на Универзитетот во Тетово присуствуваа матуранти од многу градови, како: Тетово, Гостивар, Скопје, Куманово, Прешево, Кичево, Прилеп, Струга, Дебар и др. Матурантите имаа можност да се запознаваат со академската понуда. Тие имаат можност да се запознаат со 60 студиски програми од 13 факултети што ги нуди нашиот Универзитет “ – изјави проф. д-р Решат Ќахили.
Во рамките на Отворениот ден се одржа и вториот саем на прехранбена индустрија „Food Expo 2018“ на кој познати компании од земјата ги претставија своите прехранбени продукти.
Деканот на Факултетот за прехранбена технологија, проф. д-р Џезаир Идризи соопшти дека факултетот со кој раководи, но и Универзитетот, во целина, се фокусираат на соработката со домашните компании и како резултат на сето ова, веќе втора година по ред, Центарот за односи и врски со бизнис и компаниите го организира овој саем. „За нас е задоволство да го организираме овој заеднични настан. Овој саем е резултат на соработката меѓу компаниите и нашиот Универзитет. Мислам дека освен соработката што ја создадовме со некои компании во кои студентите ја извршуваат практиката, соработката ќе продолжи и во реализацијата на нови активности, со цел подигнување на свеста кај населението за конзумирање што повеќе производи од домашните компании“ – изјави проф. д-р Џезаир Идризи.
Матурантите кои беа присутни во просториите на нашиот Универзитет имаа можност да ги добијат сите потребни информации од претставниците на факултетите, но и да се сретнат со раководството на Универзитетот, како и со нивните идни професори. Штандовите на факултетите и на компаниите ги посети и Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Вулнет Амети, заедно со неговиот тим и со претседателката на Студентскиот парламент, Доника Камбери. Студентите кои беа ангажирани за претставување на студиските програми организираа и поетски час, игри и хемиски експерименти, а во посетата на штандовите на саемот на прехранбената индустрија, претставниците на компаниите пред нив ги претставија продуктите кои ги произведуваат.
Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, заедно со неговиот тим реализираа заедничка средба и со претставниците на компаниите. Во знак на благодарност за нивното учество на Саемот „Food Expo 2018“, Ректорот проф. д-р Вулнет Амети на раководителите на претпријатијата им додели пофалници.
Со организирање на Отворениот ден на Универзитетот во Тетово, присуството на матурантите упати силна порака дека нашиот Универзитет е единствената надеж на новите генерации за нивното образование.