Универзитетот во Тетово, како раководител на Претседателството на Асоцијацијата на балканските универзитети за академската 2017/2018 година, на 30 и на 31 март ја организираше Четвртата научна конференција на горенаведената асоцијација, на која учествуваа повеќе од 40 Ректори од Балканските универзитети, како и научни истражувачи. На крајот на Конференцијата, Асоцијацијата на балканските универзитети во просториите на Универзитетот во Тетово, на 31 март организираше средба со Ректорите на Универзитетите, членови на Асоцијацијата. На почетокот, Претседателот на Асоцијацијата на балканските универзитети, Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, го покани Ректорот на Универзитетот за бизнис и технологија од Приштина за да го потпише членството како најнов Универзитет – член на Асоцијацијата на балканските универзитети, по неговото аплицирање од пред една година.
На оваа средба се разгледаа и се одобрија апликациите на Универзитетите коишто се пријавиле за членство во оваа Асоцијација. Со мнозинство гласови се одобрија барањата на овие универзитети: Универзитетот во Тирана, Универзитетот во Корча, Универзитетот „Хаџи Зека“ во Пеја, Универзитетот за медицински науки во Истанбул, Универзитетот во Бихач, Универзитетот во Скадар и Универзитетот во Нови Сад. Потоа се дискутираше за квалитетот на процесот на акредитација и за соработката со Универзитетите, а се одобри и драфт-статутот на Асоцијацијата на балканските универзитети.
На крајот на средбата се реализира и примопредавањето на Претседателството на Асоцијацијата на балканските универзитети. Со Претседателството на Асоцијацијата, по Универзитетот во Тетово, оваа година ќе раководи Универзитетот „Аристотел“ од Солун. По повод овој настан, Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, му го предаде претседателството на Ректорот на Универзитетот „Аристотел“, проф. д-р Перикле А. Миткас, кој му се заблагодари на Ректорот Амети за раководството и за успешното менаџирање со Асоцијацијата, чиј доказ е организирањето на Конференцијата и гостопримството на оваа установа.
Во текот на нивниот дводневен престој во просториите на Универзитетот во Тетово, Ректорите на Универзитетите од Балканот високо го оценија Универзитетот во Тетово и заложбите на Ректорот проф. д-р Вулнет Амети.
Ректорот на Универзитетот во Тузла, проф. д-р Нермина Хаџиграхич, соопшти дека Конференцијата на Универзитетот во Тетово беше многу успешна. „Беше многу интересно и имаше голем придонес за нас, за нашиот универзитет во Тузла. Благодарни сме му на Ректорот на УТ, проф. д-р Вулнет Амети, и на Универзитетот во Тетово за гостопримството и за сè. Го потпишавме договорот за соработка со Универзитетот во Тракија, кој е многу важен за нас и се надевам дека во иднина соработката помеѓу Универзитетите ќе се развие уште повеќе.“ – рече Нермина Хаџиграхич.
Поранешниот Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Софија, проф. д-р Иван Илчев, многу високо ја оцени оваа конференција. „Многу сум среќен што сум во Тетово на Четвртата научна конференција на Асоцијацијата на балканските универзитети. Јас имам учествувано на сите конференции на Асоцијацијата и многу ми е мило што секоја година организацијата на конференциите е на повисоко ниво, па сакaм да им се заблагодарам на моите колеги, на раководителите на УТ, кои даваат сè од себе за да биде успешна Конференцијата, па затоа се надевам дека Универзитетот во Тетово и Ректорот ќе продолжат да бидат дел од раководството на Асоцијацијата и во наредните две години.“ – истакна проф. д-р Иван Илчев.
Ректорот на Универзитетот во Тракија, проф. д-р Ерхан Табаколу, посочи: „Оваа средба се организира во Тетово. Мојот пријател, проф. д-р Вулнет Амети, нè прими со најголема гостопримливост. На оваа средба учествуваа универзитети од четирите страни на Балканот и искуствата се разменија во една многу пријатна атмосфера. За ова сакам да им се заблагодарам на Универзитетот во Тетово, на Ректорот, проф. д-р Вулнет Амети, и на неговиот кадар, кои се грижеа за нас. Бевме пречекани на најдобар можен начин, па затоа сме им благодарни.“ – соопшти проф. д-р Ерхан Табаколу.
Ректорот на Универзитетот во Корча, проф. д-р Али Јашари, рече дека ваквите настани се добро искуство за сите ректори. „Беше одличен настан, организиран од УТ и верувам дека јас и сите ректори научивме многу за организирањето на ваквите големи настани, како што е оваа конференција, организирана од Универзитетот во Тетово, кој досега беше и раководител на Асоцијацијата на балканските универзитети. Сакам да му се заблагодарам на Ректорот, проф. д-р Вулнет Амети, за одличната организација и за гостопримството на оваа конференција, одржана овие два дена.“- изјави проф. д-р Али Јашари.
Проректорот на Универзитетот „Хаџи Зека“ од Пеја, проф. д-р Ибиш Мазреку, рече дека оваа средба беше добра можност за размена на новите искуства во врска со функционирањето на универзитетите. „Искрено, сакам да му честитам на Универзитетот во Тетово и на Ректорот, проф. д-р Вулнет Амети, за овој прекрасен настан во кој доминираше соработничкиот дух меѓу Универзитетите, новите идеи поврзани со функционирањето на Универзитетите и подигнувањето на установите за високо образование. Организацијата беше на високо ниво, и јас сум пријатно изненаден за овие два дена поминати на вашиот универзитет.“ – рече проф. д-р Ибиш Мазреку.
„Ова е мојата прва посета во Тетово, по околу 40 години и мојата прва посета на овој универзитет. Импресиониран сум од организацијата на Конференцијата и од доброто и успешно планирање на сето ова. Мислам дека сите учесници се задоволни со нашата работа и од научните трудови презентирани на Конференцијата. Бевме многу внимателни за секој детаљ, убаво си поминавме минатата вечер и оваа пријатна атмосфера ни помогна на сите нас да бидеме порелаксирани и да имаме успешни предавања. Се надевам дека и во Солун ќе поминеме олку убаво како и овде.“ – рече проф. д-р Периклес А. Миткас, новиот Претседател на Асоцијацијата на балканските универзитети, Ректор на Универзитетот „Аристотел“ во Солун.
Ректорите на универзитетските членови на Асоцијацијата во текот на нивниот престој во Тетово го посетија и Историскиот Музеј на Тетово во Порој, Шарената Џамија и Попова Шапка.