Престижната компанија „Ecolog International“, пред апсолвентите на Универзитетот во Тетово ги претстави можностите за обука во оваа компанија.
Раководителот на оваа компанија, г. Мислим Хасипи, ѝ се заблагодари на Управата на Универзитетот во Тетово за позитивната атмосфера на средбата со апсолвентите на УТ. Тој истакна дека апсолвентите треба да ги следат сите можности за успеси во нивната кариера. „Нашата денешна презентација има за цел да ги запознае апсолвентите со можностите кои ги нуди компанијата „Еколог“, како и со можноста за практична работа и за долгорочното вработување на проектите кои ги имаме секаде каде што дејствува нашата компанија.“ – рече г. Мислим Хасипи.
Компанијата „Еколог“ се интересира за потребите на пазарот на трудот и им посветува внимание на вработените. Од оваа компанија апелираат до академските единици да подготват вредни кадри за работната индустрија. „Универзитетите и академските установи ни се вратата каде што ние секогаш тропаме најмногу. Токму заради oва, апелирам до академските институции да бидат поблиски со работната индустрија и да ни подготват вреден кадар што ни е потребен.“ – истакна г. Мислим Хасипи.
Апсолвентите на Универзитетот во Тетово покажаа голем интерес за понудите на компанијата „Еколог“ и поставуваа прашања за начинот на аплицирање, за критериумите за вработување, за познавањето на странските јазици и др.
Исто така, на оваа презентација се посочи дека „Ecolog International“ не е локална компанија, иако физички се наоѓа во Тетово. Во оваа компанија има голем број луѓе од други општини и дејствува во 36 земји, каде што се работи со проекти од разни области, меѓутоа фокусот е ставен на човечките ресурси.