Денеска на Универзитетот во Тетово започна процесот за запишување нови студенти за академската 2018/2019 година.

Проректорот за настава на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Решат Ќахили, соопшти дека годинава Универзитетот во Тетово на сите 13 академски единици ќе прими над 3300 нови студенти. „Од денеска до петок на Универзитетот во Тетово ќе се спроведува првиот уписен рок. Според објавениот конкурс за запишување на новите студенти за оваа академска година се предвидува на 60-те студиски програми, односно на 13-те факултети, да се запишат над 3300 нови студенти“ –  соопшти проф. д-р Решат Ќахили.

Тој, исто така, истакна дека годинава е активен и онлајн системот за запишување. „Сакам да истакнам дека за прв пат годинава го спроведовме онлајн системот за запишување и според информациите со кои располагаме може слободно да се каже дека сме премногу задоволни од заинтересираноста на матурантите“  – соопшти проректорот за настава на УТ, проф. д-р Решат Ќахили.

Првиот уписен рок ќе трае од денес (27.8.2018 г.) до 31 август. По завршувањето на првиот уписен рок, врз основа на објавениот конкурс за запишување, Универзитетот во Тетово за сите слободни места на студиските програми на 13-те факултети ќе спроведе и втор уписен рок, кој се предвидува да се реализира од 12 до 14 септември.