Ректорот на УТ – проф. д-р Вулнет Амети беше домаќин на атлетичарот Берат Мустафа и на неговиот тренер – проф. д-р Беџет Точи, кои ќе ја претставуваат Р. Македонија на Олимписките игри за млади кои ќе се организираат во Буенос Ајрес во Аргентина.
На оваа средба ректорот им честиташе за досегашната работа и им посака да постигнат врвни резултати и на трките на 400 метри во Буенос Ајрес. „Ми беше задоволство да бидам домаќин на Берат Мустава, атлетичарот кој ќе ја претставува Р. Македонија на Олимписките игри заедно со неговиот тренер – проф. д-р Беџет Точи. Им честитав за овој голем успех, учеството на Берат на овие натпревари претставува чест не само за клубот за атлетичари, туку и за нашиот Универзитет бидејќи во нашата средина продуциравме успешен кадар. Ние не ја штедиме нашата поддршка за сите спортисти и за студентите воопшто.“ – соопшти проф. д-р Вулнет Амети, ректор на УТ.
Тренерот на атлетскиот клуб „Студенти“ – проф. д-р Беџет Точи му се заблагодари на ректорот проф. д-р Вулнет Амети за големата поддршка што им ја дава. „Клубот е составен од студентите на Универзитетот во Тетово и ученици од средните училишта во Тетово. Клубот се финансира од страна на Универзитетот и благодарение на поддршката што ни ја дава ректорот проф. д-р Вулнет Амети ние успеавме да учествуваме на Олимписките игри за млади кои се организираат во Аргентина. Се надеваме на големи успеси за атлетичарот Берат Мустафа“ – изјави проф. д-р Беџет Точи.
Берат Мустафа, исто така, им се заблагодари на сите за поддршката при подготовките. „Сѐ се постигнува со работа и труд. Само на овој начин може да се постигне успех. Сакам да им се заблагодарам на мојот тренер за посветеноста и на ректорот проф. д-р Вулнет Амети за постојаната поддршка што ни ја дава“ – изјави Берат Мустафа.
Олимписките игри за млади ќе започнат на 3-ти октомври и ќе завршат на 13-ти октомври.