Известување

2019-09-30T16:10:20+00:00 Септември 30, 2019|

ПОКАНА
Почитувани,
Универзитетот во Тетово има чест да ве покани да учествувате во церемонијата на почетокот на новата академска 2019/2020 година и свечениот пречек на новите студенти.
Церемонијата ќе се одржи на 1.10.2019 година со почеток во 11:00 ч во амфитеатарот на Универзитетот во Тетово.
По свечениот пречек, во 12:00 ч, студентите ќе ја започнат новата академска година во просториите на соодветните факултети.

Ви посакуваме големи успеси!

Канцеларија за информирање