Ректоро на УТ, проф. д-р Вуљнет Амети: ,,Професорот Ремзи Несими е доајен на албанската култура и образование во Македонија“
Универзитет во Тетово, со голема жалост ја прими веста за заминувањето во вечност на проф. д-р Ремзи Несими, почитуваниот интелектуалец познат на сите албански простории.
Професорот Ремзи беше основоположник на вискотот образование на албански јазик во Македонија. Со својата плодна образовна, научна и културна работа во голема мера придонесе за стекнување на современите норми на албанските училишта, воведувањето на албанскиот литературен јазик во печатените и електронските медиуми во Македонија, и во општо за одгледување, збогатување и зачувување на чистотијата на албанскиот јазик од туѓите елементи.
Проф. д-р Ремзи Несими беше еден од ретките интелектуалци, фигура со широк спетар на знаења; но, најголемиот придонес го направил во сферата на јазикот. Наследството во областа на јазикот е многу голема. Со оваа активност проф. д-р Ремзи Несими, за главна цел имаше остварувањето на идеалите на нашите преродбеници, ко постојано се бореле за ширење на албанскиот јазик, како и нејзината правна употреба во согласност со правилата и стандардите.
Половина век, со посветеност и безпрекорно работење за општото подигнување на образовната, културната и националната свест кај албанскиот народ во Македонија и пошироко, за да креира, кодифицира и да ги продлабочи студиите за стандардниот албански јазик. Со повеќеслојна активност професорот Ремзи Несими силно придонесе за подигање на највисоко ниво на национална пирамида. На овие тешки моменти, во моето име и на име на Универзитетот во Тетово ги искажуваме искрените сочуства кон семесјтвото Несими, соработниците, студентите, колегите и на неговите пријатели.