Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, денеска во својот кабинет го пречека националниот претставник на УНИЦЕФ за Македонија, г. Бенџамин Перкс. Покрај средбата со ректорот на нашиот универзитет, тој се сретна и со проректорот за наука – проф. д-р Хазир Положани, деканот на Филозофскиот факултет – проф. д-р Ибиш Кадриу, деканот на Факултетот за педагогија – проф. д-р Фадби Османи и со деканот на Правниот факултет – проф. д-р Кебир Авзиу. На оваа средба соговорниците дискутираа за соработката помеѓу УНИЦЕФ и Универзитетот во Тетово во иднина, со цел да се реализираат некои проекти поврзани со заштитата на децата од насилство и нивните права.
Шефот на УНИЦЕФ во Македонија, г. Бенџамин Перкс, по средбата со раководителите на Универзитетот во Тетово, пред наставниот кадар, студентите и неколку ученици од основното училиште „Фан Ноли” од село Требош, одржа предавање на тема: „Влијанието на насилството и негативните искуства од детството за иднината, сигурноста и долгорочниот развој“. Во текот на предавањето тој претстави некои статистики за насилството врз децата во Западен Балкан. „Во текот на мојот престој остварив средба со ректорот на Универзитетот во Тетово – проф. д-р Вулнет Амети и со некои декани на факултетите со цел да дискутираме за состојбата и заштитата на децата во државата. Моето предавање беше поврзано со насилството. Ние направивме истражување во Западен Балкан околу насилството врз децата. Статистиките покажуваат дека едно од три деца е физички злоупотребено, но во вашата земја, во Република Македонија овој процент е малку повисок. Значи едно од две деца е физички злоупотребено. Ако ги споредуваме балканските држави, физичкото насилство кај децата во Македонија е поголемо отколку во Косово, но е помало во споредба со Албанија. Што се однесува до емотивното непочитување на децата, едно од три деца е запоставено.“ – соопшти г. Бенџамин Перкс.
Деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот во Тетово, проф. д-р Фадби Османи, рече дека факултетот со кој тој раководи, како и некои други факултети на Универзитетот во Тетово, имаат соодветен кадар за соработка со УНИЦЕФ и да се приклучат и во нивните проекти во врска со правата на децата и нивната заштита од физичко насилство. Денес имавме многу важен состанок со шефот на УНИЦЕФ во Република Македонија, кој информиравме за активностите што ги преземаме за заштита и едукација на децата. Особено се фокусиравме на прашањето на образованието и подготовката на децата од предучилишните установи и нивната подготовка за училиште. Ние го уверивме шефот на УНИЦЕФ дека сме подготвени да реализираме големи проекти во врска со заштита на децата од насилство и нивните права. Овие проекти ќе бидат спонзорирани од УНИЦЕФ и ќе бидат спроведени од страна на неколку факултети на нашиот Универзитет, односно Педагошкиот факултет, Филозофскиот факултет и Правниот факултет. Ние како факултети имаме потенцијал да се соочиме со овие проекти поврзани со правата на децата, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби, бидејќи Педагошкиот факултет сега има посебна студиска програма посветена на децата со посебни потреби и подготвува кадар за образование на овие деца“ – истакна проф. д-р Фадби Османи.
Во знак на благодарност за неговата посета на Универзитетот во Тетово, нашиот ректор, проф. д-р Вулнет Амети, на шефот на УНИЦЕФ во нашата држава, г. Бенџамин Перкс, му додели подарок со портрет на нашиот национален херој Ѓерѓ Кастриот Скендербег.