Врз основа на членовите 148, 149 и 150 од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија”, бр. 43/’12, 145/’12, 87/’13, 164/’13, 39/’14, 43/’14, 132/’14, 188/’14, 10/’15, 1/’15, 154/’15, 192/’15, 17/’16, 37/’16, 20/’19 и „Службен весник на Република Северна Македонија”, бр. 101/’19, 153/’19, 180/’19, 275/’19, 77/’’21, 122/21, 178/’21 150/’22, 236/’22, 199/’23, 236/’23, 263/’23, 30/’24, 74/’24, и 170/’24); членовите 2, 4 и 5 од Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование од областа на медицината („Службен весник на РСM”, бр. 120/’20 и 144/’21); а во врска со Програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри во согласност со мрежата на здравствените установи, донесена од Владата на РСМ, за 2023 – 2026 г. („Службен весник на РСМ”, бр.163/’23); Програмата за изменување и дополнување на Програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри во согласност со мрежата на здравствените установи, донесена од Влада на РСМ, за 2023-2026 г. („Службен весник на РСМ”, бр. 254/’23); Програмата за изменување и дополнување на Програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри во согласност со мрежата на здравствените установи, донесена од Владата на РСМ, за 2023 – 2026 година („Службен весник на РСМ”, бр. 28/’25); Факултет за медицински науки при Универзитетот во Тетовo, на ден 05.9.2026 година, објавува
Јавен оглас
за приjaвување кандидати за запишување/одобрување специјализација на здравствените работници со високо образование од областа на медицината и здравствени соработници со високо образование за 2026 година
За вработени здравствени работници, односно здравствени соработници во приватни установи, други правни лица и невработени;
|
Бр. |
Гранка на специјализација |
|
| 1. | Уролошка хирургија | 2 |
| 2. | Интерна медицина | 5 |
| 3. | Психијатрија | 3 |
| 4. | Гинекологија и акушерство | 7 |
| 5. | Општа хирургија | 6 |
| 6. | Педиатрија | 2 |
| 7. | Семејна медицина | 14 |
Барањето за одобрување на специјализацијата, со кoмплетната документација, се доставува во согласност со одредбите од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија”, бр. 43/’12, 145/’12, 87/’13, 164/’13, 39/’14, 43/’14, 132/’14, 188/’14, 10/’15, 61/’15, 154/’15, 192/’15, 17/’16, 37/’16, 20/’19 и „Службен весник на Република Северна Македонија”, бр. 101/’19, 153/’19, 180/’19,275/’19, 77/’21, 122/’21, 178/’21, 150/’22, 236/’22, 199/’23, 263/’23, 30/’2, 74/’24 и 170/’24); Правилникот за специјализациите и супспецијализациите на здравствените работници и здравствените соработници со високо образование од областа на медицината (“Службен весник на Република Северна Македонија”, бр. 120/’20 и 144/’21); до Архивата на Факултет за медицински науки при Универзитетот во Тетово, ул. 29 Ноември, 1200 Тетово.
*Потребни документи за упис на специјализација за кандидати вработени во ПЗУ и други правни лица:
- фотокопија од уверение со оценки за завршен факултет, заверена на нотар;
- фoтокопија од диплома за завршен факултет, заверена на нотар (или потврда дека издавањето е во тек);
- фотокопија од уверение за положен стручен испит, заверена на нотар;
- фотокопија од основна лиценца за работа од комора (или потврда дека издавањето е во тек), заверена на нотар;
Здравствените работници со високо образование со стекната прва лиценца за работа од 22.05.2019 година наваму, е потребно да достават еден од долунаведениве документи:
потврда за завршена пробна работа од најмалку шест месеци во примарна здравствена заштита во здравствен дом според програма на Министерството за здравство и копија од склучен договор за дело со здравствениот дом, како доказ за вршење пробна работа на кандидатот во согласност со Програмата на Министерството за здравство (член 141 став 2 од Законот за здравствената заштита) или
М1/М2-образец, со кој кандидатот докажува дека на денот на поведувањето на постапката за запишување на специјализацијата од високообразовната установа што ја спроведува специјализацијата, е вработен/-а во здравствена установа или во друго правно лице што врши здравствена дејност и има најмалку шест месеци работен стаж во струката како здравствен работник со високо образование или има работно искуство во здравствена установа подолго од шест месеци како здравствен работник со високо образование, што се докажува со поднесување на писмен доказ (потврда, договор на дело, договор за волонтрство и сл.) (член 141 став 3 од Законот за здравствената заштита);
- фотокопија на М1/М2-образец;
- упатница за кандидатот, со која се упатува на специјализација од приватната јавна установа или друго правно лице, во оригинал;
- барање.
*Потребни документи за упис на специјализација за невработено лице:
- фотокопија од уверение со оценки за завршен факултет, заверена на нотар;
- фoтокопија од диплома за завршен факултет, заверена на нотар (или потврда дека издавањето е во тек);
- фотокопија од уверение за положен стручен испит, заверена на нотар;
- извод од матична книгата на родените и Уверение за државјанство;
- фотокопија од основна лиценца за работа од комора (или потврда дека издавањето е во тек), заверена на нотар;
Здравствените работници со високо образование со стекната прва лиценца за работа од 22.05.2019 година наваму, е потребно да достават еден од долунаведениве документи:
потврда за завршена пробна работа од најмалку шест месеци во примарна здравствена заштита во здравствен дом според програма на Министерството за здравство и копија од склучен договор за дело со здравствениот дом како доказ за вршење пробна работа на кандидатот восогласност со Програмата на Министерството за здравство (член 141 став 2 од Законот за здравствената заштита) или
М1/М2-образец со кој кандидатот докажува дека на денот на поведувањето на постапката специјализацијата, е вработен/а во здравствена установа или во друго правно лице кое врши здравствена дејност и има и најмалку шест месеци работен стаж во струката како здравствен работник со високо образование или има работно искуство во здравствена установа подолго од шест месеци како здравствен работник со високо образование, што се докажува со поднесување на писмен доказ (потврда, договор на дело, договор за волонтрство и сл.) (член 141 став 3 од Законот за здравствената заштита);
- потврда од Агенцијата за вработување дека кандидатот не е вработен, во оригинал;
- барање.
Универзитет во Тетово
Факултет за медицински науки