Во рамките на предметот Специјална физичка едукација, студентите од третата година од студиската програма за Криминалистика на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово успешно ја завршија практиката на скијање во туристичкиот центар Попова Шапка.
Предавачката на предметот, доц. д-р Шпреса Мемиши, истакна дека предметот Специјална физичка едукација е задолжителен предмет за студентите на студиска програма по Криминалистика во рамките на овој предмет, студентите треба да реализираат и праксата по скијање. “Во овај предмет, студентите од криминалистика се должни да научат скијачки техники. Овој предмет е новина во студиската програма за криминалистика и е многу неопходна за студентите. Со цели години, со студенти од третата година на Факултетот за физичка култура се спроведува практиката скијање и повеќето од студентите се професионално запознаени со техниките на скијање и се добро напреднати во овој спорт. Оваа година, покрај студентите на Факултетот за физичка култура, студентите од студиската програма Криминалистика ја реализираа практиката по скијање. Студентите, за време на нивниот престој во зимскиот туристички центар Попова Шапка, покажаа одлични резултати во скијачките техники. Како што е познато, скијањето е тежок спорт и како и секој друг спорт има свои техники, но студентите се покажаа агилни, значи теоретско знаење што го научиле успешно го спроведувале во пракса”, рече доц. д-р Шпреса Мемиши.
Секоја година, Факултетот за физичка култура на Универзитетот во Тетово, во рамките на предметот по скијање, студентите од третата година ги испраќаат да се практикуваат во туристичкиот центар Попова Шапка. Оваа практика трае десетина дена, а оваа година практиката на скијачките техники ја реализираа студентите од третата година од студиската програма Криминалистика при Правниот факултет.