Студентите од Студиската програма за криминалистика, од Правниот факултет, денес организираа импровизирана судска седница, насловена како: „Злоупотреба на позицијата и деловното овластување и злоупотреба на финансиските средства за финансирање на изборната кампања – случај Љубе Бошковски“.
Денешната седница се одвиваше под раководство на доц. д-р Арта Биљали-Зендели. „Симулираниот случај е избран случајно. Станува збор за случајот на претседателот на партијата „Заедно за Македонија“, Љубе Бошковски. Ние се обидовме да прикажеме како функционирало и како се одвивало судењето. На крајот од судењето, студентите го осудија на 6 години затвор“ – истакна доц. д-р Арта Биљали-Зендели.
На импровизираната седница беше присутен и Продеканот за настава, доц. д-р Јусуф Зендели, кој рече дека освен реализирањето на практичната настава и научните посети на разни државни институции во земјата и во странство, нашите студенти истовремено се во состојба да го реализираат и практичниот дел на функционирањето на установите, во овој случај на судскиот систем во нашата земја.
Со истата импровизирана седница, студентите на Правниот факултет го освоија првото место на натпреварите организирани од ОБСЕ во Штип.