Студентите од втора година на Факултетот за физичка култура и студентите од Студиската програма за криминалистика на Правниот факултет успешно ги реализираа спортските активности во рамките на предметите: Авантурски активности и туризам и Специјална физичка едукација. Курсот се реализираше во крајбрежниот град Драч, од 4 до 14 јуни 2018 г.
Професорот по овие предмети, воедно и Декан на Факултетот за физичка култура, доц. д-р Хаки Исмаили соопшти дека студентите го реализираа десетдневниот курс во Драч. „Во рамките на предметите Авантурски активности и туризам и Специјална физичка едукација се предвидува реализација на практичниот дел. Оваа година одлучивме практичниот дел да го реализираме во Драч, каде што со студентите организиравме разни спортски активности. Посебна важност му посветивме на утринскиот марш, а организиравме и елементарни игри. Студентите беа многу задоволни од начинот на којшто ги реализиравме активностите и имаа можност да ги применат лекциите што ги учеле на предавањата во практика “ – изјави доц. д-р Хаки Исмаили.

Исто така, студентите реализираа и разни спортски игри, како: пливање, одбојка на плажа, ракомет и трчање.