Во текот на третата меѓународна научна конференција на Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Тетово се одржа работилница (workshop) со студенти и професори од студиската програма Стоматологија. Целта на оваа работилница беше да се запознаат студентите со оралните и со хируршките вештини, како и со современата имплантологија.
Под раководство на специјалистот за орална хирургија, д-р спец. Данчо Бизевски и доц. д-р Јетмира Алимани Јакупи, прво студентите беа запознаени со основните хируршки инструменти, а потоа тие се поделија на групи и го започнаа практичниот дел со вилиците на животните за да го реализираат имплантот на забите, почнувајќи од снимањето, подготовката на местото за имплантот, поставувањето на имплантот и шиењето на местото.
Д-р спец. Данчо Бизевски високо ја оцени работата и посветеноста на студентите по стоматологија на Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Тетово, кои активно и успешно ја завршија работата на имплантот. Како што соопшти тој, од своето професионално искуство во областа на стоматологијата, досега имплантите се реализираа само со специјалисти, а со студенти се реализираше за прв пат. „Бев многу задоволен од работата на студентите, бидејќи беа сосема подготвени во врска со реализацијата на имплантот. Сакам да им честитам за посветеноста и важноста што им ја даваат на студиите. Благодарение на работата на професорите и волјата на студентите за работа има ефективни резултати. Бев импресиониран од грижата што ја покажа ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, кој внимателно ја следеше работата на студентите и таму сфатив дека студентите се повеќе од мотивирани од поддршката од страна на раководството на Универзитетот и од деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Кастриот Хаџиреџа. Би сакал во идните конференции вашите студенти да донесат нови научни придонеси во областа на стоматологијата “, соопшти д-р спец. Данчо Бизевски.
Во рамките на сесиите на третата меѓународна научна конференција на Факултетот за медицински науки, се претставија голем број трудови од областа на стоматологијата од еминентни истражувачи од земјата и од регионот.