Студенти од сите академски единици на Универзитетот во Тетово учествуваа на турнирот во мал фудбал, организиран од Студентскиот парламент. Овој турнир беше со натпреварувачки карактер и на него учествуваа 25 екипи.
Ваквите спортски активности имаат за цел да ги поттикнат студентите за нивно поголемо учество и за меѓусебно дружење, соопшти претседателката на Студентскиот парламент, Доника Камбери. „Сега веќе стана традиција организирањето на турнирот во футбал од страна на Студентскиот парламент, кој има за цел да ги зближи студентите меѓу себе и да го поттикне натпреварувачкиот дух кај нив. Со оваа активност, уште еднаш се покажа големиот интерес на студентите за учество, па затоа во име на Студентскиот парламент им се заблагодарувам на сите студенти од сите студиски програми за големата важност што му ја дадоа на овој натпревар.“ – изјави Доника Камбери.
Првите три места ги освоија екипите на студентите од Факултетот за физичка култура при Универзитетот во Тетово. Победници на овој натпревар беа студентите од втора година, кои во финалето ги победија студентите од прва година. А на натпреварот за трето место, студентите од Факултетот за физичка култура ги победија студентите од Студиската програма за Информатика, од Факултетот за природно-математички науки.
За првите три места беа доделени и награди. На победниците наградата им ја додели Проректорот за настава на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Решат Ќахили. Наградата за второто место ја додели претседателката на Студентскиот парламент, Доника Камбери, а наградата за третото место ја додели Деканот на Факултетот за физичка култура, проф. д-р Ајри Зиба. Од страна на Проректорот за финанси на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Алифета Селими им беа доделени и пофалници и награди на организаторите на овој турнир, Мирсат Фазлија и Амир Барди.