Студентскиот парламент на на Универзитетот во Тетово организираше шаховски натпревар. На овој натпревар учествуваа вкупно 38 натпреварувачи, студенти од сите факултети на Универзитетот во Тетово.
Претседателката на Студентскиот парламент на Универзитетот во Тетово, Доника Камбери рече дека целта на овој натпревар е студентите од разни факултети кои се натпреваруваат меѓу себе, во оваа игра и преку овие организации да имаат можност да се запознават повеќе едни со други.
Шаховските натпревари се одржани според швајцарскиот систем, без елиминација, но со собирање на поени во 7 одржувани коли.
На 14 март, во фоајето на Ректоратот на УТ беа одржани првите четири круга, а на 15 март беа одржани последните три круга. Во текот на натпреварот натпреварувачите ги посети и ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, кој му честиташе за поддршката што им ја дале на студентските иницијативи и за организацијата.
По завршувањето на последниот круг, комисијата за организирање на овај натпревар ги објави собираните поени за 38-те натпреварувачи.
Победникот на овој натпревар, со максимум од собраните бодови (7 поени), беше прогласен студентот на Факултетот за медицински науки, Башким Лума. На победникот, шампионскиот пехар, заедно со подарокот им го подари проректорот за наука на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Хазир Положани.
Второто место го освои студентот по право, Ринор Исмаили со 5.5 поени, а наградата ја делеше претседателката на Студентскиот парламент, Доника Камбери. Додека на трето место беше рангиран студентот на Факултетот за природно-математички науки, Исмет Алла. На овај последниот, трофејот за третото место му беше доделен од продеканот за наука на Факултетот за физичка култура, доц. д-р Хаки Исмаили.