Со големо жалење ја примивме веста за смртта на нашиот драг професор од Факултетот за применети науки, проф. д-р Вулнет Палоши.
Нашиот почитуван професор, наставник на Студиската програма за архитектура и градежништво, им беше посветен како на наставниот процес и на практичната настава, така и на научните истражувања.
Проф. д-р Вулнет Палоши беше член, соработник, координатор и советник во многу друштва, претпријатија и други установи. Тој беше автор и коавтор на голем број проекти од национален и од интернационален карактер.
Професорот Палоши беше професор во високото образование на албански јазик, еден од почесните предавачи во рамките на нашата установа, кој ни остави длабоки спомени, особено на нас коишто имавме можност да го имаме во академскиот кадар.
На семејството Палоши, колегите, студентите и на неговите пријатели им изразуваме длабоко сочувство за неговата смрт.
проф. д-р. Вулнет Амети
Ректор на Универзитетот во Тетово