//Универзитетот во Тетово одржи комеморација за животот и делото на проф. д-р Флора Села – Кастрати

Универзитетот во Тетово одржи комеморација за животот и делото на проф. д-р Флора Села – Кастрати

2018-06-26T14:16:50+00:00 Март 29, 2018|

По заминувањето во вечност на универзитетска професорка, проф. д-р Флора Села – Кастрати, на 24 март 2018 година, Универзитетот во Тетово, на 28 март 2018 година организираше комеморативна седница во чест на нејзиниот живот и работа. На ова комеморација пред членовите на семејството на починатата, пријателите, колегите, професорите и студентите, говор одржи ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, кој рече дека одвојувањето од животот на професорката на Филозофскиот факултет на нашиот универзитет, проф. д-р Флора Села- Кастрати беше многу тешка за сите нејзини колеги и студенти, па денес се собравме тука со семејството и пријателите за да го почитуваме животот и работата на починатата.

“Почитувана семејство Села, во овие тешки моменти, сите ние сме заедно со Вас за да ја споделиме големата болка за својот сакан човек, болка која ја почуствуваме сите на Универзитетот во Тетово. Професорката Флора замина во вечност како наставничка по високото образование на албански јазик, како еден од почитуваните предавачи во нашата институција, оставајќи ни го најдоброто сеќавање, особено што имавме чест да ја имавме во редовите на академскиот кадар. Како предавачка на Катедрата за социологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Флора Села – Кастрати остави зад себе голем придонес во образованието на генерации во текот на годините, како и преку бројни активности како наставник, научен и културен работник”, рече ректорот проф. д-р Вулнет Амети.

За животот и работата на починатата проф. д-р Флора Села – Кастрати зборуваше и деканот на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Ибиш Кадриу, кој зборуваше за нејзините академски активности. „Проф. д-р Флора Села – Кастрати, беше научник, универзитетски професор, поет, писател, активист за полова еднаквост, бранител на националната кауза, остар аналитичар на социолошките и филозофски проблеми, пријателка на сите што го познавале, пријателка и голема мајка. Професорката Флора замина на рана возраст кога сè уште и беше потребна на науката и образованието, на луѓето и на нејзиното семејство. Животот често го прави своето без да се прашува за желбите на многуте луѓе кои сакале да ја имаат и подолго време професорката Флора”, додаде д-р Ибиш Кадриу.

Во име на семејството Села, на присутните на овој состанок им се заблагодари таткото на починатата, г-дин Идрис Села. “Би бил многу среќен во денешната средба со вас да беше жива и мојата ќерка, професорката Флора, но Бог го сакаше и го зеде, и покрај нашите напори да се опорави, но тоа беше сериозна болест и по вола на Господ таа отиде од нас.  Многу сум горд на зборовите на ректорот проф. д-р Вулнет Амети и на деканот проф. д-р Ибиш Кадриу кој исто така беше еден од најдобри пријатели на мојата ќерка. Би сакал да ја изразам мојата благодарност и на фамилијата на ректоратот на Универзитетот во Тетово и до сите професори и студенти, како и на тетовскиот муфтија, проф. д-р Ќани Несими, кој исто така е професор на Универзитетот во Тетово, за учество во погребната церемонија на нашата ќерка. Исто така, би сакал да му се заблагодарам на ректорот проф. д-р Вулнет Амети и неговиот тим за организирање на комеморативната седница за потсетување на животот и работата на мојата ќерка, сега почината”, рече г-дин Идрис Села.

Проф. д-р Флора Села-Кастрати бше родена во Струга на 6 август 1961 година. Основното училиште и гимназијата ги завршила во родниот град. Универзитетските студии за филозофија – социологија ги заврши на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Приштина. Во 1992 ги заврши магистерските студии на Универзитетот во Загреб, на тема: „Ставовите на Карш за историјата“ и се здоби со звањето Магистер по социологија од современа филозофија. Флора Села-Кастрати во академската 2000/2001 година, заврши специјализација на Меѓународниот институт за јавна администрација во Париз (Франција) во областа на јавната администрација и дипломатија. Во 2007 година ја брани својата докторска дисертација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, при Институтот за социолошки, политички и правни студии, на тема: “Развојот на локалната демократија и прекуграничната соработка според стандардите на Советот на Европа“. Проф. д-р Флора Села Кастрати, покрај мајчиниот јазик течно комуницираше и на словенските јазици, англискиио и францускиот јазик. Во периодот 1982/1992 година работеше како асистентка, подоцна како предавач на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Приштина. Од 1994 до 1997 година работела како професорка по филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Тетово. Таа замина во вечност на 24 март 2018 година.