Факултетот за физичка култура при Универзитетот во Тетово и Факултетот за физичка култура и спорт од Колеџот ААБ, Приштина, организираа спортски пријателски активности во Спортската сала на Универзитетот во Тетово. Студентите организираа спортски игри во мал фудбал, кошарка, како и еден натпревар во одбојка за жени.
Деканот на Факултетот за физичка култура при Универзитетот во Тетово, проф. д-р Ајри Зиба, истакна дека оваа соработка меѓу двата факултета се реализира во рамките на потпишување на договорот за соработка меѓу Универзитетот во Тетово и Колеџот ААБ од Приштина. „Овој настан беше инициран од деканатите на Факултетите за физичка култура и предвидува организирање на спортски игри од пријателски карактер, со цел студентите од Универзитетот во Тетово и студентите од Колеџот ААБ да се запознаат меѓусебно. На почеток беше организиран натпревар во одбојка за жени, а потоа по еден натпревар во кошарка и во мал фудбал за мажи. Ова е прв ваков настан, по потпишувањето на договорот за соработка меѓу УТ и Колеџот ААБ, и се надеваме дека оваа соработка ќе донесе добри резултати во иднина, и тоа преку организирање разни активности со спортски, образовен и научен карактер“ – рече проф. д-р Ајри Зиба, Декан на Факултетот за физичка култура при Универзитетот во Тетово.
Деканот на Факултетот за физичка култура и спорт на Колеџот ААБ, проф. д-р Фатмир Пирева, беше многу задоволен од оваа соработка, оценувајќи ја на високо ниво организацијата и гостопримството од страна на Универзитетот во Тетово. „За мене е големо задоволство денес да бидеме во Тетово, односно на Универзитетот во Тетово. Двата наши факултета соработувале и порано, но задоволството е поголемо бидејќи денес ќе основаме нова соработка меѓу УТ и Колеџот ААБ, која ги опфаќа сите академски единици. Оваа соработка денеска и официјално се финализираше и на хартија. Во знак на овој договор, заеднички решивме на почетокот да се реализираат спортски активности со ненатпреварувачки карактер. Сакам да им се заблагодарам на раководителите на Универзитетот во Тетово за приемот што ни го направија денес, но тоа што сакам да го истакнам е дека се чувствувавме пријатно за време на нашиот престој во Тетово, за време на соработката што ја имавме, за организирањето на конференциите, семинарите. Пријатно сме изненадени од гостопримството од страна на овој Универзитет“ – посочи проф. д-р Фатмир Пирева.
Овие спортски игри ги проследија голем број присутни во салата, меѓу кои беа и Ректорот на УТ, проф. д-р Вулнет Амети, и Ректорот на Колеџот ААБ, проф. д-р Љуљзим Тафа, но и декани, сенатори, професори и студенти.