//УТ и НИУ ќе отворат заедничка Студиска програма за бизнис-администрација за студии од втор циклус

УТ и НИУ ќе отворат заедничка Студиска програма за бизнис-администрација за студии од втор циклус

2018-06-26T14:04:14+00:00 Јуни 11, 2018|
Универзитетот во Тетово во соработка со Универзитетот во Северен Илиноис од Чикаго, САД, ќе отвори нова студиска програма за втор циклус – магистерски студии, за бизнис-администрација. Новата студиска програма е акредитирана од страна на Советот за акредитација и евалвација на високото образование во Република Македонија.
На 17 мај 2018 г. на Советот за акредитација и евалвација на високото образование е донесена одлука „за акредитација на студиската програма за стекнување заедничка диплома на втор циклус студии за бизнис-администрација, едногодишни студии, со стекнување 60 ЕКТС, на Економскиот факултет во Тетово и на Факултетот за бизнис-администрација на Универзитетот во Северен Илиноис“. По завршувањето на студиите на насоката Бизнис-администрација, „студентот добива 60 ЕКТС и се стекнува со назив: магистер на економски науки“ – се наведнува во оваа одлука, донесена од страна на Советот.
Акредитирањето на оваа студиска програма е во времетраење од 5 академски години, почнувајќи од академската 2018/2019 г., па сè до академската 2023/2024 г.