На 30 март 2018 г., Универзитетот во Тетово и Универзитетот за медицина во Тирана потпишаа меморандум за соработка од областа на високото образование и научното истражување.
Договорот го потпишаа Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, и Ректорот на Универзитетот за медицина во Тирана, проф. д-р Арбен Ѓата.
Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, истакна дека со оваа соработка двата универзитета се согласиле да соработуваат за поттикнување на институционалниот развој. „Соработката меѓу универзитетите, односно меѓу Универзитетот во Тетово и Универзитетот за медицина во Тирана вклучува: размена на академскиот кадар за потребите на наставниот процес; размена на наставници, истражувачи и студенти во рамките на научно-истражувачката дејност; поттикнување, поддршка и реализација на заедничките истражувачки проекти; поттикнување, поддршка и реализација на други научни дејности (конференции, семинари и изданија во области со двоен интерес); размена на научна литература; размена на искуствата во врска со институционалното менаџирање и др.“ – истакна Ректорот на УТ, проф. д-р Вулнет Амети.
Според Договорот, двата универзитета се согласија реализацијата на активностите да се врши според расположливите потенцијали на секоја установа