„Економскиот развој како предуслов за интеграција во Европската унија”, како и „Правната држава и граѓанското општество” беа темите на двете меѓународни научни конференции кои се организираа на Универзитетот во Тетово.
Научниците од областа на економијата, бизнисот, туризмот, администрацијата итн., на VI–та меѓународна конференција, организирана од страна на Економскиот факултет и од Факултетот за бизнис администрација, ги презентираа своите научни трудови за економскиот развој во нашата држава, растот на надворешната трговија и инвестициите, како и за придобивките што ќе ги има државата со членството во евроатланските структури. Додека научниците од областа на правдата, медиумите, граѓанското општество итн., на V-та меѓународната конференција, организирана од страна на Правниот факултет при Универзитетот во Тетово во соработка со Правниот факултет „Јустинијан први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, дискутираа за реформите во правниот систем, улогата на медиумите и граѓанското општество.
Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, на отворањето на конференциите истакна дека темите на овие конференции се многу актуелни бидејќи сите сме сведоци на големите настани што се случуваат во нашата држава, многубројните дебати во врска со настаните што се случуваат, очекувањата на јавноста за иднината на државата и нејзината ориентација кон остварувањето на прогресивните аспирации. Според него, универзитетите, како најрепрезентативни институции во општеството, секако не можат да останат рамнодушни кон овие ситуации, толку повеќе што тие имаат професионална надлежност, соодветна подготовка, потребен кадар и јасна визија за справување со разни прашања. „Верувам дека соодветните одбори на конференциите, со изборот на овие тековни теми, на научен начин ќе расправаат за сите проблеми со кои денес се соочуваа владеењето на правото и алтернативите за забрзување на зајакнувањето на економијата. Во однос на првата тема, оценуваме дека е важна улогата во промовирањето на институциите за спроведување на законите, спроведувањето на своите обврски, што дополнително придонесува за продлабочување на институционалните реформи со кои се поттикнува учеството и соработката и припаѓа на граѓанското општество. Но, ова се случува во државите со функционална демократија, каде што се почитуваат граѓанските права и граѓанското општество за да учествуваат во процесите на донесувањето одлуки, пристапот до информациите од јавен карактер, правото да предлагаат закони, правото на слобода на говорот и многу права кои се гарантирани со Уставот. И покрај недостатокот на горенаведените стандарди, во нашата држава и во други држави, граѓанското општество придонесе за унапредување на многу процеси, како во областа на услугите, мобилизирањето на локалните заедници, заштитата на групите на кои им треба помош, транспарентноста на институциите и зајакнувањето на нивните капацитети ” – истакна проф. д-р Вулнет Амети.
Тој додаде дека меѓународната заедница повикува на длабоки реформи, особено во областа на правото, чија реформа ќе има директни ефекти и во другите релевантни сектори, вклучувајќи го и граѓанското општество. „Во однос на економскиот развој, овде се потребни правила и да се обезбеди дека економската конкуренција се постигнува со еднакви услови, во конкурентен систем достоен за демократско општество. Нашата држава и нашите соседи од регионот од Западен Балкан се ориентирани кон евроатланска интеграција, но за да ги прифатиме европските вредности, консолидираната демократија и владеењето на правото, сите мораме силно да се вклучиме, да дадеме свој придонес како граѓанско општество, како образовни институции и како прогресивно општество на 21-от век“ – истакна ректорот на УТ, проф. д-р Вулнет Амети.
Министерот за странски инвестиции во Владата на Република Македонија, проф. д-р Бардил Даути, рече дека најсигурната опција на Македонија останува интеграцијата во Европската унија и во НАТО. „Евроатланската интеграција е стратешко дефинирање на Република Македонија како гаранција за безбедноста, мирот, стабилноста и развојот. Интеграцијата во ЕУ подразбира поголем пазар, поголема конкуренција, повеќе можности и поголема сигурност за сите граѓани. За државите како што е Македонија, не вреди да се прашува дали да се интегрира во ЕУ и во НАТО, туку како да се забрза овој процес”- соопшти проф. д-р Бардил Даути.
Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија посебно внимание му посвети на извештајот за глобалниот индекс на конкурентност, кој беше објавен пред неколку дена од страна на Светскиот економски форум, во кој се наведува дека моменталната состојба во областа на економијата, но и во други области, во Република Македонија не е поволна. „Друг загрижувачки факт во овој извештај е дека институциите на државата се рангирани на 85-то место, што е индикација дека стопанството е со институционалната стагнација. Затоа, ние како Стопанска комора цениме дека, за да ги оствариме нашите цели како држава и како деловен сектор, креаторите на политиките треба да преземат конкретни иницијативи за развој и напредок на државата со цел да се достигне до нивото на земјите – членки на ЕУ”- истакна г. Неби Хоџа.
За важноста и темите на сесиите на овие конференции, оценки дадоа и деканот на Правниот факултет – проф. д-р Кебир Авзиу, деканот на Економскиот факултет – проф. д-р Раман Исмаили и деканот на Факултетот за бизнис администрација – проф. д-р Насер Рахими. Тие, исто така, изразија задоволство од одборите на меѓународните научни списанија, објавени од страна на соодветните факултети на нашиот универзитет, Економскиот факултет „Економска визија”, кој денеска го промовира 5-тото издание и научното списание на Правниот факултет „Јустиција”, кој го промовира 4. број. Организацијата на овие конференции, во име на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, ја поздрави продеканката на Правниот факултет „Јустинијан први”, проф. д-р Ирена Рајчиновска Пандева.