Почитувани пријатели на Универзитетот,
Со чувство на гордост и со длабока благодарност денес стојам пред вас за да го прославиме овој исклучителен момент во историјата на нашата институција: 30-годишнината од основањето на Универзитетот во Тетово.
Денес го одбележуваме јубилејот на една образовна институција која беше основана со храброст, волја и посветеност на нашиот народ, во време кога идејата за универзитет на албански јазик се соочуваше со големи предизвици и отпори.
Нашиот универзитет не е само зграда. Тој е симбол на напорите и вербата на еден народ во моќта на знаењето.
На овој јубилеј мора да се вратиме на историјата на Универзитетот во Тетово, во чии страници се запишани жртвите, страдањата, болките, но и многуте успеси.
На овој јубилеј му изразуваме најдлабока почит на историскиот ректор, професорот Фадиљ Сулејмани, чие име е синоним за Универзитетот во Тетово.
Оваа година објавивме комплет од делата на професорот Фадиљ Сулејмани, неговиот вреден интелектуален придонес во областа на албанологијата, лингвистиката и етнографијата.
Го отворивме аголот на сеќавањето за професорот Фадиљ Сулејмани, каде што веќе започнаа да се организираат настани поврзани со нашата култура.
На овој јубилеј со најдлабока почит и чест го одбележуваме и маченикот за Универзитетот во Тетово, Абдиљсељам Емини.
Портретите на професорот Фадиљ Сулејмани и на Абдиљсељам Емини, кои сега се наоѓаат во канцеларијата на ректорот, не се само уметнички дела, туку и дух што нè потсетува на целата историја на нашиот универзитет.
На овој јубилеј им изразуваме благодарност и признание и на потписниците на основањето на Универзитетот во Тетово.
Им оддаваме чест на сите оние кои придонесоа значително за нашиот универзитет.
Оваа година ја признаваме заслугата на професорот Невзат Халили, кого го предложивме за титулата Doctor Honoris Causa за неговата вредна дејност во поддршката на албанското национално прашање, за придонесот во образованието, политиката и јавниот живот, како и за неговата постојана поддршка за основањето на Универзитетот во Тетово.
Им изразуваме длабока благодарност на сите наши граѓани кои го поддржаа Универзитетот во Тетово материјално и морално, како и на оние кои овозможија првите предавања да се одржат во нивните домови.
Го цениме придонесот на студентите од првите генерации, бидејќи тие му дадоа живот на нашиот универзитет.
Од нашите скромни почетоци, денес прераснавме во динамична академска институција, која претставува светилник на интелектуалниот и на културниот развој.
Нашите достигнувања низ годините не се само бројки или позиции на листи, туку безброј приказни за трансформација, зајакнување и успех што нашите студенти, академскиот кадар и дипломираните студенти ги носат со себе.
Затоа, на овој јубилеј, сакам да изразам благодарност и длабока почит кон сите студенти, академскиот кадар, административниот кадар и сите останати вработени на нашиот универзитет за нивниот придонес низ сите овие години.
Со желба и страст, со многу труд, напор, жртва и континуирани напори низ овие децении, работевме на промовирање на знаењето, научното истражување и иновациите.
Денес, само неколку дена пред завршувањето на зимскиот семестар од академската 2024/2025 г. и календарската 2024 година, ако се навратиме и погледнеме наназад, се присетуваме на моментите кои го одбележаа успехот, но и на предизвиците со кои заеднички се соочивме.
Сакам да ги нагласам некои од нашите најзначајни достигнувања, кои го одразуваат нашиот визионерски пристап и посветеност за унапредување на науката.
Оваа година го организиравме Седмиот меѓународен конгрес за природни, здравствени и технолошки науки, платформа за напредување на применетите и природните науки, како и Осмиот меѓународен конгрес за хуманистички, општествени науки и уметности, каде што истражувачи од целиот свет споделија знаења за културната и за хуманитарната разновидност.
Во рамките на конгресите беа промовирани новите броеви на научните списанија кои се издаваат од соодветните факултети. Списанијата се индексирани во EBSCO, CROSSREF, Google Scholar, Index Copernicus International, CEEOL, MLA International Bibliography, ERIHPLUS, а сите имаат ISI Impact Factor.
Го одржавме осумнаесеттото издание на Меѓународниот семинар за албанологија, посветен главно на албанолошките студии и на културното наследство на албанскиот народ.
Како универзитет, се залагавме и се залагаме за промоција на мирот, меѓукултурната комуникација и научниот дијалог на Балканот и пошироко. За оваа цел организиравме научна конференција на тема „Иднината на Западниот Балкан по руската агресија врз Украина – Што следува?“ Дополнително, го промовиравме преведеното дело „Езерата и Империите во историјата на Македонија“ од познатите Џејмс Петифер и Миранда Викерс.
Особено внимание посветивме на значајни личности од регионот и од светот. Може да го издвоиме разговорот со познатиот британски новинар и аналитичар Тим Џуда за реалноста по војната во Украина и развојот на Западниот Балкан.
Почитувани присутни,
Оваа година реализиравме неколку трансформативни проекти кои го збогатија академското и студентското искуство.
Студиската програма за информатика го реализираше проектот Дигитална форензика, кој обезбеди поддршка за создавање лабораторија за студентите.
Во рамките на Студентската сцена на Универзитетот во Тетово, финансирана од Министерството за култура, беа изведени студентски театарски претстави како дел од редовниот репертоар на Сцената за драмски и аудиовизуелни уметности на Факултетот за уметности во Тетово.
Факултетот за прехранбена технологија и исхрана го доби проектот за Специјализација на кадровските капацитети за зелена трансформација – Zero Waste, финансиран и поддржан од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).
За подобрување на научната инфраструктура, обезбедивме финансиска поддршка за лабораториска опрема за Факултетот за прехранбена технологија, со што се подобри квалитетот на истражувањата и наставата. Министерството за земјоделство и шумарство ќе финансира проект со 12 милиони денари за купување опрема за лабораториски анализи за контрола на квалитетот и безбедноста на храната, животната средина, фармацијата и други производи за општа употреба. Овие анализи ќе се спроведуваат во Лабораторијата за контрола на храна, која оваа година беше акредитирана според меѓународни стандарди.
Горди сме што во рамките на меѓународните проекти сме партнери во истражувачката иницијатива на Magna Charta Observatory, која има цел зачувување на интегритетот на интелектуалната и научната работа во институциите и општествата, преку градење мостови на доверба помеѓу универзитетите на локално и на глобално ниво.
Дополнително, меѓународната обука „Collaborative Online International Learning“ (COIL), реализирана во соработка со мрежата Aurora, донесе современи искуства и методи за нашиот кадар и студентите.
Во областа на образованието и студентската креативност, успешно го завршивме проектот „Креативни студенти преку медиумска писменост“, финансиран од USAID-Irex.
Социјалното и едукативното вклучување останува наш приоритет. Проектот за инклузија на деца со посебни образовни потреби, поддржан од здружението „Отворете ги прозорците“, е следен чекор кон поинклузивно општество и еднаквост во образованието.
Во областа на економскиот развој и претприемништвото, проектот реализиран од Економскиот факултет, со поддршка на Министерството за економија, резултираше со основање Центар за истражување и развој на претприемништвото. Овој центар има цел не само да го поттикне образованието за младите претприемачи, туку и економскиот развој на руралните подрачја и намалување на невработеноста.
Во текот на оваа година, Универзитетот во Тетово потпиша серија меморандуми и договори за зајакнување на соработката со многубројни локални, регионални и меѓународни институции, со цел:
- поттикнување на соработката, меѓусебното разбирање и развојот во областа на образованието и научните истражувања;
- реализација на заеднички истражувачки и пилот проекти;
- размена на истражувачки и наставен кадар;
- размена на студенти со многу регионални и меѓународни универзитети;
- организирање заеднички семинари, конференции и работилници;
- размена на научни публикации;
- краткорочни посети на високи членови на кадарот за консултации, предавања и планирање на проекти;
- долгорочни посети на истражувачки и технички кадар за обуки, постдипломски студии или учество во заеднички истражувачки проекти;
- учество во меѓународни програми;
- поттикнување контакти со истакнати научници од други академски центри во светот за учество во меѓународни проекти од голем обем, како и меѓусебна поддршка при планирање и имплементација на посети во соодветни земји.
Ова е доказ дека досега ја зачувавме и зајакнавме добрата традиција на соработка со сите универзитети и различни институции, како во нашата земја така и на меѓународната сцена.
На овој јубилеен датум ние се радуваме и на функционирањето на студентскиот дом, почетокот на специјализациите во областа на медицината, како и основањето и функционирањето на синдикатот на вработените на Универзитетот во Тетово.
Има многу други достигнувања и настани, било да се научни, културни, уметнички или спортски, кои би требало да се одбележат на овој јубилеј, но списокот е долг.
Сите овие проекти се доказ за нашата посветеност да придонесеме кон одржливиот развој на Универзитетот и да ја исполниме нашата визија како институција за високо образование која носи позитивни промени во општеството.
Дами и господа,
Додека ја славиме нашата минатост и сегашност, исто така, мораме со храброст и амбиција да гледаме напред. Предизвиците на овој век, брзиот технолошки напредок, еколошките кризи и социјалните нееднаквости – бараат универзитетите да бидат повеќе од центри за учење и студирање. Универзитетите треба да бидат центри на иновација, одржливост и социјална одговорност. Тие треба да создадат што повеќе врски со заедницата и да ги земат предвид новите барања на пазарот на трудот. Ова се цели што ги остваруваме со посветеност и долгорочна стратегија.
Нека овој јубилеј биде потсетник за нашата должност да се прилагодуваме, растеме и водиме во времиња на трансформации. Нашата визија за иднината вклучува не само академска извонредност, туку и посветеност кон еднаквоста и инклузијата.
Овој историски момент не би бил можен без непоколебливата поддршка на многу луѓе.
За нашите студенти и дипломирани студенти:
Вие сте душата на оваа институција, причината за нашето постоење и доказ за нашиот успех!
За нашите факултети и нашиот кадар:
Вашата посветеност е основата врз која овој универзитет гордо стои.
За нашите партнери и поддржувачи:
Вашата верба во нашата мисија беше важна и инспиративна низ нашето патување.
Додека го славиме овој 30-годишен јубилеј, да го потврдиме нашиот ангажман кон принципите што нè водеа досега: знаење, интегритет и посветеност. Да ја почитуваме нашата историја, да ја славиме сегашноста и со увереност и решителност да ги прифатиме предизвиците и можностите на иднината.
Нека е благословен Универзитетот во Тетово!
Проф. д-р Јусуф Зејнели
Ректор на Универзитетот во Тетово
проф. д-р Јусуф Зејнели
2023-2026
проф. д-р Куштрим Ахмети
2022-2023
проф. д-р Решат Ќахили
Декември 2021-Мај 2022
проф. д-р Вулнет Амети
2012-2022
проф. д-р Агрон Река
2009-2012
проф. д-р Сади Беџети
2006-2009
проф. д-р Неџбедин Беадини
2003-2006
проф. д-р Рамиз Абдyли
Јануари-Март 2003
проф. д-р Фадил Сулејмани
1995-2003
Историја на УT
Универзитетот во Тетово е отворен и достапен за сите оние кои како студенти, наставници или соработници, со своите интелектуални и морални квалитети, во амбиентот на универзитетска автономија како наод за академска слобода на индивидуално изразување и докажување на вештините и квалитетите придонесуваат во областа на образованието, науката и професионализмот.
Универзитетот во Тетово има кратка историја но долго минато.
Оваа институција е основана на 17 декември 1994 година како иницијатива на албанските интелектуалци, невладини организации и разни аполитички здруженија и сите ентузијасти од високото образование во земјата и пошироко.
Од оваа гледна точка, активноста, развојот на УT може да се подели на два периода:
Период: 1994-2003 е историското време на создавање на Универзитетот во Тетово
Период: 2004-2010 е период на институционалниот развој на Универзитетот и времето на академска и физичка модернизација.
Универзитетот од вонредната состојба, почна да се движи кон академски, концептуални и институционални реформи. Плод на оваа непрекината активност е новата физиономија на УT.
Затоа УТ се потврдува како реформирана, високообразовна институција како единствен јавен центар на албански јазик во Северна Македонија за специјализација и научно истражување. УT е член на Европската универзитетска асоцијација.
Денес УТ е структуриран на 13 факултети, 65 студиски програми, 115 студиски области и 3 научно-истражувачки институти.
Научно–истражувачки процес
Академскиот кадар се состои од 273 редовни професори и 355 вонредни професори ангажирани во одреден временски период, односно за една академска година, со цел на прогресивен раст.
Во однос на наставно-образовниот процес, Универзитетот им посветува посебно внимание на спроведувањето на Болоњските реформи и реформите во областа на стручното и научното истражување, иако оваа компонента сé уште е далеку од целите на УТ во споредба со развиените земји. Овие истражувања се спроведуваат преку заеднички проекти благодарение на Еразмус, ДААД, Темпус проекти и др. за истражување и развој. Потпирајќи се на европските стандарди, квалитетот на академските истражувања е во пораст.
Во однос на Болоњската Карта, УТ е во почетна фаза на неговиот развој, во фаза на имплементирање и прифаќање на Болоњскиот модел според шемата 3+2+3 или 4+1+3 (Bachelor+Master+PhD). Применувајќи го новиот европски систем на студии, УТ има цел во скоро време да биде интегрален дел на европските универзитети, студентите да придобиваат поквалитетно професионално формирање и нашите дипломи да се ближат со оние на развиените земји. Фактот дека дипломите добиени во УТ се компатибилни со дипломите на западните универзитети го докажуваат многубројните студенти кои по дипломирањето се вработуваат или нивните постдипломски студии ги продолжуваат во други универзитети надвор од земјата.
Следниот период ќе биде периодот кој ќе даде потекло на УТ:
– Универзитетски кампус (каде сите факултети ќе се концентрираат на едно место). Кампусот ќе се состои од: зграда за сместување на студенти, магистри, студенти на докторски студии, студенти на специјализација, визитинг професори и други гости, студентски дом, студентска менза, спортска сала, универзитетска библиотека, модерен компјутерски центар, изградба на лаборатории;
– Имплементација на систем за трансфер и акумулација на кредити – ЕКТС како систем за акумулација на кредити и како систем за трансфер на кредити;
-Императив за имплементација на ЕКТС ќе биде мобилноста на студентите со цел студентите да имаат можност да го продлабочат своето знаење на други универзитети кои се потписници на европската Mагна Карта;
– Интернационализација и интеграција на нашиот Универзитет во сите европски универзитетски форуми, односно во семејството на современите универзитети. Во овој контекст, соработката со универзитетите во регионот и пошироко се зголеми тројно;
– Зајакнување на научно-истражувачката работа и покрај академската, ќе даде поттик за димензионирање на академскиот процес што се одвива на универзитетот;
– Понудата и развојот на Е-учење – учење преку интернет, електронски аудио книги, ќе го зголеми квалитетот на учењето;
– Пуштање во употреба веќе обезбедени аудио-визуелни уреди, со цел да се спроведе методата на ”учење од далечина” со кој учениците од посебните училници ќе можат да посетуваат предавања од далечина;
– Завршување на академски капацитети и опремување на лаборатории со најсовремена опрема;
– Развој и имплементација на повеќе проекти во рамките на институтите кои претставуваат интегрална единица на Универзитетот, како што се Институтот за екологија и технологија, Институтот за албански јазик и култура ,,Јосиф Багери” итн;
– Интензивната поврзаност со европските образовни и истражувачки програми (ТЕМПУС, ДААД, УСАИД, СОРОС, НАТО, ЕУ, амбасади од различни земји) се приоритети подготвени во стратегијата на Универзитетот;
– Дисперзија на студиските програми во други градови, процес што ќе биде компактибилен со оние на средните училишта, со единствена цел студентите да бидат поблиску до учениците.
Нивото на работа и постигнување на досегашната работа нè тера да се гордееме, но исто така да бидеме заангажирани да преземеме активности кои ќе го ориентираат универзитетот кон современите академски институции. Ректоратот и академскиот кадар, пред сé имаат историска одговорност за создавање на нови системи на вредности, особено во образованието, науката и културата.
Целите на Универзитетот
Целта на Универзитетот да биде поблиску до студентите резултираше со решение студиските програми да се дисперзираат во некои градови во Република Северна Македонија. Бројот на студенти од година до година се зголемува и сега во УТ студираат околу 13000 студенти со активен статус на студии. Бројот на студенти од разни ентитети е во пораст, ако пред 3 години студирале неколку десетици студенти денеска студиите ги продолжуваат неколку стотици студенти од разни ентитети или поточно нивниот број е околу 10% од вкупниот број на студенти.
Целта на УТ е да биде Универзитет за сите граѓани на Република Северна Македонија затоа е отворен за сите студенти што сакаат да студираат, без национални и верски разлики. Во споредба со бројот на примени студенти во другите универзитети во земјава, бројот на новите студенти на УТ кажува раст од 30%. Ова може да е показател дека УТ се развива во точна насока и со сигурни чекори оди кон семејството на европските универзитети. Понудата на УТ за идните студенти е конкурентна и целосна. Ние нудиме студиски планови и програми за сите профили и евтини тарифи за студирање. Квалификуваниот академски кадар, соработката на УТ со други познати универзитети од регионот и светот и најзначајното, емоционалната врска што ја чувствуваат Албанците за овој универзитет. Жртвувањето и нивниот придонес го подигнаа овој универзитет до ова ниво како единствен државен универзитет со настава на албански јазик. Сето тоа е причина да се запишете на овој универзитет.
Претседател на Сенат | проф. д-р Вулнет Амети
Ректор | проф. д-р Јусуф Зејнели
Проректор за образование | проф. д-р Ибрахим Незири
в. д. Проректор за меѓународна соработка | проф. д-р Салајдин Салихи
Проректор за наука | проф. д-р Агон Мемети
Генерален секретар | Адем Беадини
проф. д-р Фатбарда Исмаили
проф. д-р Сали Жаку
проф. д-р Шехерзада Мурати
проф. д-р Зеќирја Идризи
проф. д-р Лулзиме Камбери
проф. д-р Ндерим Зеќири
проф. д-р Асан Идризи
проф. д-р Метин Изети
проф. м-р Бајрамали Идризи
проф. д-р Сади Беџети
проф. д-р Ќенан Ферати
проф. д-р Милазим Камбери
проф. д-р Флорим Идризи
проф. д-р Фламуре Ибраими Садику
проф. д-р Џабир Абдулаху
проф. д-р Мерије Елези
проф. д-р Хазир Положани
проф. д-р Елми Јусуфи
проф. д-р Насер Раими
проф. д-р Фатон Шабани
доц. д-р Беса Догани
доц. д-р Арбреша Зенки Далипи
Ладон Мурсели
Беса Беџети
Ректор | проф. д-р Јусуф Зејнели
Проректор за образование | проф. д-р Ибрахим Незири
в. д. Проректор за меѓународна соработка | проф. д-р Салајдин Салихи
Проректор за наука | проф. д-р Вулнет Амети
Генерален секретар | Адем Беадини
Декан на Филозофски факултет | проф. д-р Ибиш Кадриу
Декан на Педагошки факултет | проф. д-р Лулзим Мемеди
Декан на Филолошки факултет | проф. д-р Бертон Сулејмани
Декан на Правен факултет | проф. д-р Сафет Емрули
Декан на Економски факултет | проф. д-р Брикенд Азири
Декан на ПМФ | проф. д-р Алит Ибраими
Декан на Факултет за физичка култура | проф. д-р Шпреса Мемиши
Декан на Факултет за применети науки | проф. д-р Енис Јакупи
Декан на Факултет за уметности | проф. м-р Сенад Абдули
Декан на Факултет за медицински науки | проф. д-р Невзат Елези
Декан на Факултет за прехранбена технологија и исхрана | проф. д-р Џезаир Идризи
Декан на Факултет за бизнис администрација | проф. д-р Локман Ебиби
Декан на Факултет за земјоделство и биотехнологија | доц. д-р Бардил Лимани
Претседател на студентскиот парламент | Ладон Мурсели
МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАНИЕ
16 декмеври 2017 УСИ му додели почесен докторат на ректорот на народот, проф. д-р Вулнет Амети, човек кој ја покажа неговата верба во образованието како човеково право помагајќи да се оснва единствениот албански универзитет во Македонија. Ректорот на Универзитетот во Тетово го доби своето признание за време на почетокот на постдипломските студии на 16 декември, во Собирниот центар на УСИ.
„Д-р Вулнет Амети е еден од најдобротворните и најхрабрите луѓе кои некогаш сум ги сретнал.“ „Тој е навистина човек кој се грижи за луѓето од својата нација.“ „Ректорот Амети, заедно со другите албански интелектуалци, ги предводеше протестите пред оружјето на македонската жандармерија.“ „Тој научи илјадници студенти и продолжува да биде ректор на народот.“ – рече Престон. „Никогаш не се плаши да ги извалка рацете.“ „Сведок сум како поставува нови тули во кампусот, сече грмушки и дрвја и ги храни бездомниците.“ – рече Престон.
~ Ентони Престон, директор на Глобалната програма на УСИ Колеџот за бизнис
„Ректорот Амети отсекогаш ме импресионирал со неговата храброст наспроти отпорот и со неговата одлучност да обезбеди високо образование за етничките Албанци кои живеат во Македонија. Она што го направи – она што продолжува да го прави – е извонредно, инспиративно и понизно.“ – рече Фримен. „Секогаш со нетрпение ги очекувам нашите посети, како и нашите разговори за пристап до образование, и ќе ми биде голема привилегија да му го врачам ова почесно признание.“ „Под раководство на проф. д-р Амети, УТ стана институција од светска класа која продолжува да биде посветена на образовниот пристап и правичност, што, всушност, е нејзината визија уште од основањето. Приказната за УТ е навистина приказна за заедницата и храброста, и ние сме почестени што ја раскажуваме таа приказна тука во Колеџот за образование ’Музејот Блеквел’.“ „Д-р Амети безусловно н‡ поддржа да ја организираме оваа изложба заедно, што е само еден пример од многуте работи што тој ги направи за да го негува партнерството помеѓу УСИ и УТ.“ „Она што е толку восхитувачко е што тој воспостави визија што гледа напред, за иднината на УТ, која остана цврсто посветена на прашањата за социјалната правда што го анимираа неговото минато. Тоа е инспиративно.“
~ Патрик Робертс, вонреден професор на Катедрата за лидерство, образовна психологија и основи при Колеџот за образование
Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, е избран за претседател на Асоцијацијата на балканските универзитети (АБУ)
Во 2014 година, проф. д-р Вулнет Амети, ректор на Универзитетот во Тетово, беше избран за претседател на Асоцијацијата на балканските универзитети, што претставува значајна пресвртница во историјата на Универзитетот. Ова престижно назначување не само што го истакнува лидерството на проф. д-р Амети, туку служи и како меѓународно признание за академскиот напредок и растечкиот углед на Универзитетот во Тетово. Изборот е доказ за посветеноста на Универзитетот за поттикнување на регионалната соработка и унапредување на високото образование на Балканот. Претставува чест којашто ги одразува тековните напори на институцијата да се истакне во образованието и истражувањето на глобално ниво.
Ова признание ја нагласува улогата на УТ како клучен придонесувач за регионалниот академски развој и неговата посветеност за поттикнување
партнерства кои ги надминуваат националните граници, дополнително издигнувајќи ја нејзината позиција на глобалната академска сцена.
Зени Балажи му врачи благодарница на ректорот проф. д-р Вулнет Амети
Во 2012 година, како гест на благодарност и признание, познатиот уметник и дизајнер на 100-годишнината од независноста на Албанија, г. Зени Балажи, му додели плакета на ректорот Вулнет Амети за време на неговата посета на Универзитетот во Тетово. Оваа награда го нагласува значајниот придонес на Универзитетот во Тетово во образованието, науката и културното наследство.
Ректорот Амети ја изрази својата благодарност за оваа чест, потврдувајќи ја посветеноста на Универзитетот за академска извонредност и неговата улога во промовирањето на културните вредности.
Во село Порој, во близина на Тетово, постои музеј кој ја документира отрезнувачката историја на основањето на Универзитетот во Тетово во 1994 година.
Решени да се започне високото образование на албански јазик, членови на заедницата се собраа да го формираат овој универзитет во Тетово.
Членовите на заедницата сакаа да основаат еден универзитет во Тетово, каде што студентите би можеле да учат на албански јазик. Без поддршка од државата, заедницата се собра во импровизирани училници во куќите на луѓето. Овој напор беше исполнет со отпор. Сепак, како што можете да видите во весниците и изложбата во музејот, на една од фотографиите е евиндентирано дека селаните излегоа на улиците за да ги заштитат студентите, откако околу 300 војници беа испратени за да се справат со ситуацијата.
Всушност, основањето на музејот на Универзитетот во Тетово е еден од најзначајните моменти во текот на животниот век на оваа институција колку што претставува поврзувањето меѓу минатото и иднината.
Музејот на Универзитетот во Тетово е отворен во Blackwell History of Education Museum — Collage of Education во Универзитетот во Северен Илиноис, Чикаго, САД.
http://news.cedu.niu.edu/coe_news/cameras-eye-blackwell-photo-exhibition-to-tell-tale-of-tetova/
Не пропуштајте ја големата шанса да го посетите овој музеј!
Центар за мир и транскултурална комуникација
Мр. Сц. Доника Камбери
E-mail: centerforpeace@unite.edu.mk | donika.kamberi@unite.edu.mk
Центар за студентски услуги и кариери
E-mail: careercenter@unite.edu.mk
Генерален секретар
Адем Беадини
E-mail: adem.beadini@unite.
Kанцеларија за образование
E-mail: zyraperarsim@unite.edu.mk
Kанцеларија за меѓународна соработка
Раководител: доц. д-р Хатибе Деари
E-mail: international@unite.
Kанцеларија за финансии и сметководство
Раководител: м-р Имберјах Таири
E-mail: imberjah.tairi@unite.
Kанцеларија за правни работи
Раководител: м-р Флориан Несими
E-mail: florian.nesimi@unite.
Канцеларија за информирање
Раководител: м-р Селам Сулејмани
E-mail: press@unite.edu.mk
Kанцеларија за управување со проекти
E-mail: projects@unite.edu.mk
Kанцеларија за научно истражување и иновации
E-mail: zshi@unite.edu.mk
Канцеларија за управување со квалитет и евалуација
Раководител: доц. д-р Шерузе Османи Балажи
E-mail: evaluation@unite.edu.
Универзитетски координатор за ЕКТС
Раководител: м-р Насер Рамадани
E-mail: naser.ramadani@unite.
Канцеларија за докторски студии
Раководител: Валмиса Нови
E-mail: doktoratura@unite.edu.
Канцеларија за дипломи
Раководител: Емин Зејнели
E-mail: emin.zejneli@unite.edu.
- ПРАВИЛНИК – за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на првиот циклус университетски студии
- ПРАВИЛНИК – за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на вториот циклус университетски студии
- ПРАВИЛНИК – за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на третиот циклус студии – докторски студии
(Политика за спречување на корупција на универзитетот)