Ве известуваме дека студентите на високообразовните институции од областа на економијата, правото, информатичките науки и други општествени науки коишто се во доменот на работата на организациските единици во Народната банка имаат можност да вршат практична работа во Народната банка на Република Северна Македонија, во текот на јуни, јули и август 2019 година.
Согласно со актот на Народната банка на Република Северна Македонија со кој е уреден начинот на вршење на практичната работа, максималниот број практиканти коишто истовремено можат да вршат практична работа е 32 лица, односно по двајца во една организациска единица во период од еден месец.
Доколку имате интерес да се стекнете со знаење од доменот на работата на организациските единици на Народната банка на Република Северна Македонија, ве молиме да се пријавите најдоцна до 10 мај 2019 година на следниов начин:
Образецот „Пријава за вршење практична работа во Народната банка на Република Македонија“ може да се преземе овде: (преземи)
Барањето се доставува до Народната банка, откако претходно е целосно пополнето од студентот со потврда и печат на факултетот, а кон пријавата треба да се достави и следново:
• доказ за видот на образованието што е во тек (копија од индекс или ИД);
• доказ за просечен успех;
• доказ за познавање на англискиот јазик (се прифаќа и копија од положен испит по англиски јазик);
• доказ за познавање „MS Office“ (се прифаќа и копија од положен испит по информациски технологии);
• кратко мотивациско писмо.
Пријавата, заедно со придружните документи, се доставува до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија или по пошта најдоцна до 10 мај 2019 година, со назнака „ЗА ПРАКТИЧНА РАБОТА“, на следнава адреса:
Народна банка на Република Северна Македонија
бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1
1000 Скопје
За подетални информации може да го посетите доленаведениот линк:
http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-oglas-za-vrsene-prakticna-rabota-vo-narodnata-banka-na-republika-severna-makedonija.nspx