Врз основа на член 172 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија„ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 178/2021 и 58/2024), Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот во Тетово, се објавува
К О Н К У Р С
за избор-реизбор на наставници во сите наставно-научни звања на Универзитетот во Тетово
Се објавува Конкурс за избор-реизбор на наставници во сите наставно-научни звања на Универзитетот во Тетово:
ФАКУЛТЕТ ЗА ПРЕХРАНБЕНА ТЕХНОЛОГИЈА И ИСХРАНА
- Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Микробиологија и имунологија, Безбедност на храна и ветеринарно јавно здравство (4.03.00.05, 4.03.00.22 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ
- Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Микробиологија со паразитологија, Социјална медицина, Друго (3.01.00.07, 3.01.00.14, 3.01.00.16 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
- Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Физика, Медицинска физика, Друго (1.03.00.01, 1.03.00.10, 1.03.00.16 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Хемија, Образование по хемија (1.04.00.01, 1.04.00.08 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ
- Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Економија, Друго (5.02.00.01, 5.02.00.09 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Економска статистика, Друго (50327, 5.02.00.09 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Меѓународна економија, Финансии (5.02.00.02, 5.02.00.07 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
Услови за наставно-научно звање доцент, вонреден и редовен професор:
- одлука за избор во наставно-научно звање од компетентен орган, доколку има;
- диплома од завршени додипломски студии;
- диплома од завршени магистерски студии;
- диплома за научното звање доктор по науки од научната област во која се избира;
- кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
- список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
- кратка биографија (CV);
- да го приложи трудот од докторската дисертација;
- потврда за познавање странски јазик;
- познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
- извод од матичната книга на родените;
- уверение за државјанство.
*Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за избор во наставно-научни звања, предвидени со член 166 од Законот за високото образование.
*Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ја достават во рок од 8 дена, од денот на објавувањето на Конкурсот, во Архивата при Ректоратот на Универзитетот во Тетово, на адреса: Ректорат на Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, б.б. Тетово.
Универзитет во Тетово