Професорот на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, доц. д-р Фатон Шабани, од 22 до 26 октомври, одржа предавања на Правниот факултет на Универзитетот во Марибор. Неговата посета на овој универзитет се реализираше во рамките на програмата Еразмус +. Тој на студентите од првиот и од вториот циклус им одржа предавања од областа на деловното право.
На овие предавања доц. д-р Фатон Шабани посебно внимание му посвети на деловното право во Република Македонија, на предизвиците со кои се соочува ова право. Тој, исто така, се фокусираше и во правата на трговските друштва и законската регулатива во Република Македонија.
Студентите на Правниот факултет на Универзитетот во Марибор за време на презентацијата изразиле голем интерес за овие правни прашања во Република Македонија, вклучувајќи ја и реформата на правосудниот систем.
Освен предавањата од областа на правото, професорот доц. д-р Фатон Шабани, пред академскиот кадар и пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот во Марибор, го претстави и Универзитетот во Тетово, неговата историја, академските единици на нашиот Универзитет, како и сите образовни и научни активности што се одржуваат на нашиот Универзитет.
За време на неговиот престој на Универзитетот во Марибор, доц. д-р Фатон Шабани се сретна и со раководителите на овој универзитет. Тој оствари пријателска средба со деканот на Правниот факултет, проф. д-р Весна Ријавец.
На оваа средба тие разговараа за можностите за идна соработка помеѓу Правниот факултет на УТ и Правниот факултет во Марибор, за реализирање заеднички активности кои би биле во интерес на двата факултети. Во оваа прилика тој ги повика раководителите на Универзитетот во Марибор, академскиот кадар и студентите да го посетат Универзитетот во Тетово, така што во иднина двата универзитета да соработуваат во разни форми, како што се размената на студентите и академскиот кадар, организирање симпозиуми, семинари и заеднички научни конференции итн.