//Катедрата за Македонски јазик и книжевност организира Книжевна манифестација на Универзитетот во Тетово

Катедрата за Македонски јазик и книжевност организира Книжевна манифестација на Универзитетот во Тетово

2018-06-26T14:07:31+00:00 Мај 09, 2018|

На ден 7.5.2018 г. (понеделник) во 17:30 часот во големиот амфитеатар на Универзитетот во Тетово, се одржа четвртата Македонистичка  вечер во организација на студентите и на дел од професорскиот кадар од  Студиската програма за македонски јазик и книжевност.

Како и претходните три така и оваа Македонистичка вечер е организиранa по повод одбележување на некој јубилеј, на некоја годишнина за великаните на македонскиот јазик и на македонската книжевност.

Годинешната манифестација им беше посветена на неколку маркантни личности, на неколку стожерни фигури од македонска книжевна и јазична, но и културна историја во целина, истакнувајќи го, на скромен начин, дел од она што го направиле и го оставиле зад себе. Меѓу нив се најдоа: Кирил Пејчиновиќ – Тетоец, Војдан Чернодрински, Крсте Петков Мисирков, Блаже Конески, Васил Иљоски, Коле Чашуле, Јован Котески и др., од кои автори студентите читаа извадоци од нивните книжевни остварувања, го изведоа првиот чин од драмата „Бегалка“ и пееја староградски народни песни.

Македонистичката вечер беше заокружена со пригоден коктел во холот на Униветзитетот.

Главниот иницијатор, идеен творец, подготвувач на сценариото, па дури и на сценографијата, како на трите претходни, така и на оваа Македонистичка вечер е проф. д-р Лилјана Гушевска. Но, голем придонес имаа и студентите, кои со голем ентузијазам и волја им се посветија на своите улоги и на сите подготовки околу настанот.