И оваа година, женскиот одбојкарски клуб „Универзитет во Тетово” ја продолжува битката во првата женска одбојкарска лига во Македонија. Студентките на Универзитетот во Тетово по петте изминати кругови се рангираат на осмото место на табелата.
Менаџерката на овој клуб, доц. д-р Љаурета Абази, вели дека оваа година клубот претрпе големи промени, бидејќи тимот се состои од девојчиња кои излегле од школата за одбојка на Универзитетот во Тетово. Таа е оптимист дека во наредните натпревари нејзиниот тим ќе се подобри и ќе победи. „Сезоната ја започнавме со комплетно освежен тим со нови играчки кои доаѓаат од нашата одбојкарска школа. Како последица се забележуваат и порази бидејќи ја немаме формацијата од минатата сезона. Оваа сезона од пет играни натпревари имаме 4 порази и само една победа. Многу сме далеку од минатогодишниот успех и ќе претставува проблем да се вклучиме во четирите најдобри тимови кои се натпреваруваат на плејоф, но ќе се трудиме да го дадеме својот максимум за да стигнеме во плејофот. Шампионатот ќе биде тежок, но и ждрепката беше тешка. Во првите кругови игравме против Работнички – Скопје и Работнички Жени, како и Наковски Волеј, тимови кои беа засилени во прелиминарниот рок и се претенденти за титулата шампион. Се надевам дека во идните кругови ќе се претставиме многу подобро и ќе се потрудиме да го земаме врвот на табелата“ – изјави менаџерката доц. д-р Љаурета Абази.
Одбојкарскиот клуб „Универзитет во Тетово“ во следниот натпревар во рамките на шестиот круг на шампионатот ќе игра против „Македонија Макси“ во Тетово. Од клубот се надеваат да го победат и овој натпревар.