Соопштение – ЕРАЗМУС +
Почитуван академски и административен кадар на Универзитетот во Тетово,
Универзитетот во Тетово објавува конкурс за апликација на Програмата за размена – ЕРАЗМУС+ за летниот семестар во академската 2019/2020 година.
Документите и потребните чекори за апликација се:
- Мобилност за академскиот кадар (teaching);
- Онлајн апликација
- (Staff mobility agreement for teaching),
- Покана (Letter of invitation) од универзитетот домаќин [1]
- Кратка биографија (Europass model) https://europass.cedefop.europa.eu/editors/en/cv/compose
- Мотивациско писмо
- Мобилност за административен кадар (training);
- Онлајн апликација
- (Staff mobility agreement for training),
- Покана (Letter of invitation) од универзитетот/институцијата домаќин
- Кратка биографија (Europass model) https://europass.cedefop.europa.eu/editors/en/cv/compose
Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја врши Канцеларијата за меѓународна соработка , според принципот: прв/-а дојден/-а – прв/-а услужен/-а, доколку кандидатот ги исполнил сите определени критериуми, и тоа: пополнување на сите потребни документи (онлајн), познавање на англискиот јазик или јазикот на универзитетот домаќин, мотивациско писмо. Дополнителна предност имаат:
- кандидатите кои аплицираат прв пат за мобилност Еразмус + и
- кандидатите кои поттикнале нови договори за соработка.
За секоја нејаснотија или дополнителна информација, Ве молиме да се обратите до Канцеларијата за за меѓународна соработка!
Рокот за апликација е до 28 февруари 2020 година!
[1] Тука се наоѓа листата на универзитетите/институциите со кои имаме договор