Соопштение – ЕРАЗМУС +
Почитуван академски и административен кадар на Универзитетот во Тетово,
Универзитетот во Тетово објавува конкурс за апликација на Програмата за размена – ЕРАЗМУС+ за летниот семестар во академската 2020/2021 година.
Документите и потребните чекори за апликација се:
- Мобилност за академскиот кадар (teaching);
- Онлајн апликација
- Договор за мобилност на кадарот за предавање (Staff mobility agreement for teaching), (линк на интернет)
- Покана (Letter of invitation) од универзитетот домаќин
- Кратка биографија (Europass model) https://europass.cedefop.europa.eu/editors/en/cv/compose
- Мотивациско писмо
- Мобилнос за административен кадар
- Онлајн апликација
- Договор за мобилност на кадарот за обука (Staff mobility agreement for training), (линк на интернет)
- Покана (Letter of invitation) од универзитетот/институцијата домаќин
- Кратка биографија (Europass model) https://europass.cedefop.europa.eu/editors/en/cv/compose
Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја врши Канцеларијата меѓународна соработка, според принципот: прв/-а дојден/-а – прв/-а услужен/-а, доколку кандидатот ги исполнил сите определени критериуми, и тоа:
пополнување на сите потребни документи (онлајн), познавање на англискиот јазик или јазикот на универзитетот домаќин, мотивациско писмо. Дополнителна предност имаат:
- кандидатите кои аплицираат прв пат за мобилност Еразмус + и
- кандидатите кои поттикнале нови договори за соработка.
За секоја нејаснотија или дополнителна информација, Ве молиме да се обратите до Канцеларијата за меѓународна соработка!
Рокот за апликација е до 18 март 2021 година