ДОПОЛНУВАЊЕ НА КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА РЕДОВНИ СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ПРВ ЦИКЛУС НА ЈАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ И ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА 2018/2019 ГОДИНА
Министерството за образование и наука за студиската 2018/2019 година ќе додели дополнителни стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија и тоа по следните групи:
а) Прва група – 25 стипендии за студенти од социјални категории;
б) Втора група: – 17 стипендии
в) Трета група – 37 стипендии
УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
1. да се редовни студенти;
2. да не повторувале година во текот на студирањето;
3. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании;
4. да се државјани на Република Северна Македонија.
НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk почнувајќи од 01.04.2019 година заклучно со 07.04.2019 година. Препорачливо е пред електронското пријавување, кандидатите да ги комплетираат потребни документи согласно стипендијата за која аплицираат, за да можат во електронската пријава да ги внесуваат точните податоци од документите. За студентите кои се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава.
МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ
Студентите, кои електронски се пријавиле по конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 08.04.2019 година до 12.04.2019 година, во избраниот термин, да ги донесат или да ги испратат по пошта со препорачана пратка на горенаведената адреса следните документи:
1. Евидентен лист, објавен на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk
2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2018/2019 година;
3. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
4. Уверение за положени испити од претходните години;
5. Заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавен на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk
6. 6.Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот.
7. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk;
8. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk;
9. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет порталот http://mon.gov.mk.
10. Фотокопија од индексот.
КАНДИДАТИТЕ НЕМА ДА БИДАТ РАНГИРАНИ АКО:
1.Доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.
2.Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.
ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ
Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на 25.04.2019 година на веб страната на Министерството.