Баварскиот академски центар BAYHOST за Централна, Источна и Југоисточна Европа го отвори стипендискиот повик за курсеви по германски јазик за студенти и академци со основно ниво на знаења (барем ниво Б1), од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија,  Словенија и Украина.

Стипендиите вклучуваат целосна исплата за курс, сместување и храна.
Крајниот рок за пријавување е до 26 март 2018 година.

Повеќе информации за летни курсеви и процедури за аплицирање може да најдете на следнава адреса:
http://www.uni-r.de/bayhost/english/scholarships/language-courses-in-bavaria/ index.html
или контактирајте го Центарот за студентски услуги и кариери – УT, канцеларија бр. 147- Филолошки факултет, кат 1.