Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Тетово, заедно со Здружението за траума и итна хирургија, ја организираа третата меѓународна конференција на Факултетот за медицински науки и вториот конгрес за траума и за итна хирургија.
На овој научен настан, трудовите ги презентираа еминентни имиња од медицинските области од Македонија, Косово и од Албанија и од различни европски земји, од кои се очекува да направат плодна дебата, бидејќи ќе дебатираат професори, експерти и специјалисти на различни области од медицината.
Третата конференција на Факултетот за медицински науки и вториот конгрес за траума и итна хирургија ги поздравија ректорите на неколку универзитети, како и раководителите на здравствените установи.
Според ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, целта на овие активности е научниот напредок, новите придонеси и надминувањето на проблемите кои претставуваат предизвик не само за медицинските науки. „Овој важен настан за регионот ќе овозможи размена на идеи, стекнување на повеќе знаење, создавање врски и пријателства со локални и со странски научници. Се надеваме дека оваа плодна соработка ќе продолжи и во иднина, со цел не само да го подигне нивото на научни истражувања од различни области на медицината, туку и во практичното спроведување на постигнатите резултати од истражувачката работа во овие полиња“ – соопшти проф. д-р Вулнет Амети.
Ректорот на Медицинскиот универзитет во Тирана, проф. д-р Арбен Ѓата, истакна дека албанските универзитети треба да соработуваат во реализацијата на заедничките научни активности. „Овој научен настан нѐ обединува како универзитети. Ние како Медицински универзитет во Тирана ѝ посветуваме посебно внимание на меѓууниверзитетската соработка. Ние сме му многу благодарни на Универзитетот во Тетово за искрената соработка со нас, бидејќи само со соработка во вакви проекти може да ги оствариме нашите заеднички цели“ – соопшти проф. д-р Арбен Ѓата.
Слично мислење за важноста на соработката меѓу албанските универзитети изрази и ректорот на Универзитетот во Елбасан, проф. д-р Скендер Топи. Мислам дека нашата задача како академската заедница е да ја координираме нашата научна работа на универзитетско ниво. Верувам дека оваа конференција и овој конгрес, со вклучувањето на албанските универзитети, како и на балканските и на европските универзитети, всушност, ги координира сите можности за спроведување на научното истражување. Ова е континуитетот на нашата работа, за да можеме уште повеќе да се подобриме во нашето научно истражување и креирање на иновативни идеи”- додаде проф. д-р Скендер Топи.
Претседателот на Здружението за трауми и итна хирургија, проф. д-р Агрон Доѓани, рече дека целта на конференцијата и на конгресот е сите заедно, лекарите и хирурзите, да се собереме заедно околу една голема маса за да дискутираме, да ги разоткриеме и да ги рашириме ставовите и идеите околу траумата и хируршката интервенција.
Директорот на Универзитетската болница за траума во Тирана, проф. д-р Арбен Зенелај, рече дека третманот на итните интервенции особено оние трауматолошки, претставува посебен предизвик за медицинскиот персонал. Според него, резимето на овие проблеми во секојдневната работа со организација на овие научни активности дополнително ќе ја подобрат работата на докторите во овој поглед и ќе им биде голема помош.
Деканот на Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Тетово, проф. д-р. Кастриот Хаџиреџа, рече дека конференцијата и конгресот ќе вклучуваат разни сесии и симпозиуми поврзани со најновите вести од областа на трауматологијата и итната медицина. Наша цел е да им понудиме на сите учесници: хирурзи, лекари, трауматолози, анестезиолози, студенти по медицина, медицински сестри и други здравствени работници, да можност да го споделат своето искуство и знаење во областа на трауматологијата и итната медицина, како и да стекнуваат нови вештини околу третманот на пациентите. Конгресот за трауматологија и итната медицина е тридневен состанок кој ќе се обиде да ги здружи најдобрите хирурзи и трауматолози и да им даде можност да споделуваат информации и вештини во областа на трауматологија, хирургијата и разните медицински специјалности “, истакна проф. д-р Кастриот Хаџиреџа.
Оваа научна активност беше поздравена и од почесниот претседател на вториот конгрес на Здружението за траума и итна хирургија, проф. д-р Рифат Латифи и координаторот на третата конференција на Факултетот за медицинските науки, проф. д-р Љутфи Зилбехари. Исто така, ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, во знак на благодарност за организирање на овој научен настан, им додели благодарници на спонзорите на конференцијата.