По повод манифестацијата „Сцената на албанската сериозна музика“, која се одржа на 3 мај 2018 г. во Центарот за култура во Тетово се организира концерт од страна на Оркестарот на младите Албанци на Македонија. Оркестарот има за цел да биде основна структура на Албанците во Македонија, бидејќи е составен од инструментисти, студенти од Студиската програма за музичката уметност на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, и под раководство на првиот дипломиран диригент на Универзитетот во Тетово, Премтим Елези.
По примањето на пофалницата, Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, истакна дека се почестени и тој и Универзитетот. „Оваа пофалница ја посветувам на Универзитетот во Тетово, на професорите, на студентите и на нивните родители. Ви ветувам дека Универзитетот во Тетово секогаш ќе биде како што бил и досега, безрезервна поддршка за подигнување на уште поголем оркестар на сериозната албанска музика во Тетово, но и пошироко. Во мое име и во име на Универзитетот во Тетово, на Оркестарот на младите Албанци во Македонија им посакувам многу успех и им ветувам дека ние како установа ќе работиме за нашите млади да не ја напуштат нашата земја, туку да имаат подобар живот во иднина.“- изјави проф. д-р Вулнет Амети.
Оркестарот на младите Албанци во Македонија минатата ноќ се појави пред публиката со класична концертна програма. Концертот заврши со заминувањето на музикантите од сцената и нивното поздравување со „Прошталната симфонија на Хајден“.