На Университет во Тетово, на 19 февруари се промовираше книгата „Територијата на Тихата Војна“ (Трендови и нови геополитички динамики во Југоисточна Европа) на авторот Селим Ибраими. Во името на Университет во Тетово, пристунтите на промоцијата на оваа книга ги поздрави деканот на Правниот факултет, проф. Ферат Полиси. Тој му се заблагодари на авторот Селим Ибраими што го избрал Универзитет во Тетово за да промовирање на неговата книга, која се однесува на геополитичките случувања во Југоисточна Европа, со посебен осврт во Република Македонија.
Рецензентот на книгата, проф. д-р Фехари Рамадани, изјави дека делото „Територијата на тихата војна“ (Трендови и нови геополитичките дунамики во Југоисточната Европа) на најдобриот познавачот на меѓународните односи, м-р Селим Ибраими, е резултат на неколку годишни исртражувања над балканските проблеми. „Мареријалот што ни го нуди авторот е важен придонес за подобро познавње на нерешените проблеми на Балканот, многу од проблемите со кои денес се соочат народите на Балканот кои се наследени од отоманскатиот период. Развојот на националистичките чуства кај различните балканските народи, и уште поголемо проширување на идејата на создавање на националните држава, направи меѓу разни народи да се развие ривалството и непријателствата за да окупират туѓи територии или обиди да се асимилират и протеруваат како „туѓ народ“. Идејата да се создаде чиста етничка држава доведе до тоа што во различите периоди, почнувајќи од 19-ти и почетокот на 20-ти век, народот кој го имаше одредена власт, да се бори со сите средтсва против другите народи. Овие дејства предизвикале конфликти и постојани војни меѓу балканските народи. Целта на балканските држави (Сербија, Грција, Црна Гора, Бугарија) од времето на Балканските војни (1912-1913) па наваму беа миграција, асимилација, конвертирање или целосно уништување на одредените етнички групи, истакна проф. д-р Фехари Рамадани.
Додека, рецензентот доц. д-р Јусуф Зејнели, оцени дека на ова книга авторот зазеде став за американската дипломатија спроти перспективата на Западен Балкан. М-р Селим Ибреаими, донесе ново искуство во однос на политичкиот систем на Република Македонија, од перспектива на политиките на Европската Унија и на САД, со посебен акцент на предизвиците на мултиетничките општества, опфаќајќи и перспективите на Западен Балкан. Во овој поглед, оваа студија се базира на факти, аргументи, конкренти извори, кои ја збогатуват неговото дело“, истакна рецензентот Јусуф Зејнели.
Додека авторот на книгата, м-р Селим Ибраими изјави дека главните теми кои ги спомнал на оваа книга се, доаѓањето на Доналд Трамп на чело на САД, како претседател, политичките случувања на Балканот, руското влијание и случајот со Македонија. „Исто така на оваа книга се зборува и за изворот на проблемите на Македонија, како случајот за името, и како ќе се решава овој проблем во иднина помеѓи страните, значи меѓу Скопје и Атина. Тука читателите може да најдат неколку предлози, модели за еден мирен Балкан и без меѓуетнички конфликти. Балканот бил арена на големите сили и регионалните сили, и сигурно дека желбата за територии беше еден од националните програми на балканските влади во минатото до денес. Значи и ако сме во 20-ти век, повторно Балканот станува поле на интересите на регионално и глобално ниво“, истакна авторот Селим Ибраими.
На оваа промоција исто така се спомна дека книгата „Територијата на тихата војна“ (Трендови во новата геополитичката динамика во Југоисточна Европа), ќе им служи на студентите по правните науки и меѓународните студии каки и на студентите кои се занимаваат со ова проблематика. Исто така ќе биде во корист и на целата читателска јавост, кои има широк интерес за ова проблематика.