На Филолошкиот факултет на Универзитетот во Тетово се промовираа 12 броеви од книжевното списание „Илз“, посветени на важни имиња од албанската книжевност, како: Ѓерѓ Фишта, Наим Фрашери, Исмаил Кадаре и Зија Чела. Најголемо внимание  се посвети на бројот 10 од ова списание, којшто му беше посветен на Ѓерг Кастриот-Скендербег.

Деканот на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Фатмир Сулејмани, истакна дека: „Списанието „Илз“  е од голема вредност за нашата култура, бидејќи само со присвојувањето на вредностите од други културни системи ја збогатуваме културата на нашиот народ. Во овој контекст, списанието „Илз“, со директорот Изет Дураку, главниот уредник Реџеп Шаху и соработникот Фламур Хоџа, многу придонесува за албанската култура. Покрај списанието се издаваат и книги кои се од големо значење за нашата историја и ова е нешто што треба де се почитува.“ – рече проф. д-р Фатмир Сулејмани.

Главниот уредник на списанието „Илз“, г. Реџеп Шаху, се фокусираше повеќе на бројот 10 од ова списание. „Сакам да му се заблагодарам на Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вуллнет Амети, за гостопримливоста и за можноста што ни ја даде да го презентираме нашето списание пред студентите и професорите. Ова е голема чест за нас, и ваква почит немаме видено во ниту еден друг албански град. Списанието за Скендербег има 115 автори, 30 ексклузивни артикли, но и преводи од 25 преведувачи, со цел да се изнесат досега непознати факти за Скендербег, па затоа е посебно изданието за Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег.“ – соопшти г. Реџеп Шаху.

Директорот на списанието, г. Изет Дураку, посочи: „Списанието има за цел да ги премине бариерите помеѓу луѓето, земјите и народите и преку книжевноста да донесе добрина, мир и љубов. Ние сме дојдени во Тетово како мисионери на слободата на зборот, на убавиот збор, кој преку книжевноста им е секогаш на услуга на луѓето. Со ова списание сакаме да бидеме присутни кај секој Албанец.“

Проф. д-р Салајдин Салихи рече: „ „Илз“ е голема работа за нашата култура, бидејќи има отворени врати за творештвата на сите културни системи. Токму во оваа насока е и најголемиот придонес на списанието.“

На промовирањето на списанието „Илз“ беа присутни и ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, проректорите, сенаторите, деканите и професорите, како и студентите на Филолошкиот факултет. Активноста се разубави со интерпретацијата на студентките на Факултетот за музичка уметност, Арбереша Адеми и Греса Мемеди.