//На УТ од 11-ти до 14-ти септември ќе се организира вториот уписен рок за запишување нови студенти

На УТ од 11-ти до 14-ти септември ќе се организира вториот уписен рок за запишување нови студенти

2018-09-12T13:38:07+00:00 Септември 11, 2018|

На УТ од 11-ти до 14-ти септември ќе се организира вториот уписен рок за запишување нови студенти за академската 2018/2019 година. По успешното завршување на првиот рок, Универзитетот во Тетово објави конкурс за пополнување на празните места во сите студиски програми на 13-те факултети.
Според објавениот конкурс за организирање на вториот рок за запишување нови студенти, аплицирањето, селекцијата, рангирањето и уписот на кандидатите на одделните категории во вториот и во третиот уписен рок ќе се врши според критериумите и условите предвидени со Конкурсот за запишување студенти на првиот циклус студии на Универзитетот во Тетово.
Треба да се наведне дека во текот на овој уписен рок за запишување нови студенти на Факултетот за медицински науки не можат да аплицираат странски државјани бидејќи се пополнети сите места за оваа категорија студенти.
Кандидатите прво треба да аплицираат онлајн на веб-страницата: www.unite.edu.mk (Уписи 2018/2019) со неопходните податоци и според бараните упатства. Тие треба да ги достават следниве документи: образец за апликација (се зема од студентската служба при доставување на документите); свидетелства за завршено средно образование; диплома за завршено средно образование; извод од матичната книга на родените и уверение за државјанство.