Во холот на Ректоратот на Универзитетот во Тетово се отвори изложбата „Во потрага по косовската симфониска метафора“ на Фатмир Крипа. На отворањето на изложбата присуствуваа Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, декани, сенатори, професори и студенти на Факултетот за уметности.
Професорот Фатмир Крипа соопшти дека на оваа изложба се изложени неколку графики изработени во периодот од 70-тите години до денес. „Овде се изложени графики кои се изработени пред еден месец. Тие прикажуваат настани кои им се случиле или се им случуваат на Албанците и на луѓето во Косово. Некои од нив се општи приказни, а други ги потврдуваат историјата, животот и маките во 90-тите години. Овие маки не можат да се опишат со зборови, но уметникот ги претставува на креативен начин, така што секој може да го пронајде својот свет и преку графиките да се сети на тој период. Ова што е изложено е само дел од целокупната работа. Во блиска иднина ќе направам монографија и ќе организирам голема изложба во која ќе ги изложам моите дела, создавани низ годините. Јас сум среќен што денеска во холот на Универзитетот во Тетово присуствуваа голем број љубители на уметноста. Им благодарам на сите, а особено сум му благодарен на Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р. Вулнет Амети, за честа што ми ја укажа и ви ветувам дека и во иднина нема да ве разочарам со мојата работа“ – соопшти професорот Фатмир Крипа.
Деканот на Факултетот за уметности на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Мифтар Мемети, истакна дека во холот на Ректоратот на Универзитетот во Тетово во времетраење од една недела ќе биде отворена изложбата на Фатмир Крипа. „За нас како Факултет за уметности претставува голема чест што во просториите на Универзитетот во Тетово е отворена изложбата „Во потрага по косовската симфониска метафора“ на Фатмир Крипа. Професорот Фатмир Крипа е еден од основачите на областа графика на нашиот Универзитет, па токму затоа го повикавме да ги изложи неговите дела во Тетово. На тој начин и студентите од Студиската програма по графика имаа можност поблиску да се запознаат со неговите дела“ – рече проф. д-р Мифтар Мемети.
Делата на професорот Фатмир Крипа се изложени и во Народниот музеј во Белград, во Музејот на современите уметности во Скопје, Музејот за уметности во Подгорица, во Американскиот конгрес, во Амбасадата на САД во Скопје и на многу универзитети во светот. Тој од 1973 г. е и член на Друштвото на сликари на Косово.