//Ректорот на УТ, проф. д-р Вулнет Амети, одржа состанок со членовите на атлетскиот клуб „Студент“

Ректорот на УТ, проф. д-р Вулнет Амети, одржа состанок со членовите на атлетскиот клуб „Студент“

2018-06-26T14:03:40+00:00 Јуни 14, 2018|

Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, во својот кабинет на Универзитетот во Тетово го пречека атлетскиот клуб „Студент“. На состанокот присуствуваа Претседателот на клубот, проф. д-р Беџет Точи, и неколку атлетичари од клубот, кои по одбележаните успеси во лигата на Македонија трофеите му ги предадоа на Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети.

Атлетскиот клуб „Студент“ е составен дел од Универзитетот во Тетово и досега одбележал многу успеси. Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, изјави дека Клубот секогаш ќе ја има поддршката од Универзитетот. „За нас како Универзитет претставува големо задоволство да учествуваме на спортски натпревари со нашите клубови. Меѓу бројните клубови кои се дел од Универзитетот во Тетово, се истакнува и атлетскиот клуб „Студент“ од кој произлегле добри кадри и вистински професионалци во областа на атлетиката. Задоволството е поголемо кога ги гледаме нашите студенти како ја преставуваат репрезентацијата на нашата земја на меѓународни натпревари. Сакам во име на Универзитетот во Тетово да ви се заблагодарам за вашиот придонес во овој спорт и истовремено да му се заблагодарам на Претседателот на клубот, проф. д-р Беџет Точи за својот придонес за клубот“ – истакна проф. д-р Вулнет Амети.

Претседателот на атлетскиот клуб „Студент“, проф. д-р Беџет Точи, изјави дека клубот со кој тој раководи секогаш постигнувал високи успеси. „Пред многу години станавме шампиони во Купот за сениори, но и годинава постигнавме добри резултати. Нашиот клуб ги освои второто и третото место, а и сме трети во лигата на Македонија. Ние учествуваме само во трки, а не во натпревари од техничките дисциплини. Само во овие дисциплини успеавме да го освоиме второто место и затоа му се заблагодаруваме на Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, за поддршката. Во чест на благодарност на Ректорот ќе му ги подариме добиените трофеи“ – изјави проф. д-р Беџет Точи.

Годинава атлетскиот клуб „Студент“ ќе ја одбележи 20-годишнината на основањето. Во клубот има вкупно 150 атлетичари, а 50% од членовите на клубот се членови на Репрезентацијата на Македонија и учествуваат на сите натпревари.