//На Универзитетот во Тетово се организираше дебата во врска со соработката меѓу високообразовните институции и невладините организации за подигнување на мобилноста на студентите со посебни потреби

На Универзитетот во Тетово се организираше дебата во врска со соработката меѓу високообразовните институции и невладините организации за подигнување на мобилноста на студентите со посебни потреби

2018-09-19T16:13:55+00:00 Септември 19th, 2018|
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во просториите на Универзитетот во Тетово организираше тркалезна маса на тема: „Зајакнување на соработката меѓу високообразовните институции и невладините организации за подигнување на мобилноста на студентите со посебни потреби“.
Целта на оваа дебата беше зајакнување на соработката на високообразовните установи со организациите кои работат со лицата со посебни потреби.
Според Астрит Реџепи, претставникот на Агенцијата европски образовни програми и мобилност главна цел на оваа тркалезна маса беше да се подигне бројот на мобилноста на студентите преку Ерасмус + програмата. „Како резултат на овој настан треба во иднина да се зголеми бројот на студентите со посебни потреби кои ќе бидат дел од мобилностите на Ерасмус +“ – соопшти Астрит Реџепи.
Проф. д-р Буњамин Мемеди, продекан за настава при Педагошкиот факултет ја поздрави оваа иницијатива за соработка меѓу невладините организации и нашиот Универзитет, иако оваа соработка во суштина секогаш била присутна. „Како практика ние секогаш сме ја спроведувале, посебно со студентите од програмата Специјална едукација, но и со другите студенти. Ние имаме студенти кои соработуваат со невладините организации, но и кои биле дел од Ерасмус + програмата. Денес само ја зајакнуваме соработката и досегашната практика“ – соопшти проф. д-р Буњамин Мемеди.
Учесниците на оваа тркалезна маса дебатираа и за улогата на високообразовните институции во зголемувањето на бројот на мобилноста на студентите со посебни потреби.