//На УТ се одржа дебата под наслов „Определување на приоритетите за економскиот развој во Р Македонија“

На УТ се одржа дебата под наслов „Определување на приоритетите за економскиот развој во Р Македонија“

2018-06-26T14:15:58+00:00 Април 04, 2018|

Денеска на Универзитетот во Тетово во просториите на Економскиот факултет се одржа дебата под наслов „Определување на приоритетите за економскиот развој во Република Македонија“. На оваа дебата учествуваа универзитетски професори, експерти од економската област, претставници од Министерството за економија, претставници од трговските претпријатија, претставници од банкарскиот сектор, бизнисмени и студенти.

Деканот на Економскиот факултет, проф. д-р Раман Исмаили соопшти дека главната тема на овој собир е многу комплексна и мултидимензионална. Тој истакна дека, имајќи го предвид фактот дека Република Македонија се соочува со надворешни предизвици, но и со проблеми и потешкотии на внатрешен план, овие проблеми се од политичка и од економска природа. „Во пошироката јавност, во континуитет се зборува за развојот и за развојните приоритети, кои не се операционализирани и останале на ниво на општи цели, според кои треба да функционира економскиот систем во земјата. Затоа е очигледно дека не е доволно само да се изградат општи планови и развојни стратегии, развојни приоритети во форма на избројување, туку треба да се преземаат активности што ќе ја вклучат фазата на креирање на приоритетите, мислењата и ставовите на претставниците на академскиот кадар на универзитетите, на економските комори, на големите, малите и на средните бизниси, на општеството и на другите заинтересирани страни“ – изјави проф. д-р Раман Исмаили, декан на Економскиот факултет.

Претседателот на Економската комора на северозападна Македонија, г. Неби Хоџа, изјави дека и покрај многубројните барања и предлози од страна на бизнисмените и од економските експерти од универзитетите да има определби на приоритетите за економски раст и развој, ние сè уште немаме определен документ. „Овој процес може да започне со една трансформација, која ќе генерира продукти кои имаат поголема вредност и повисока технологија во процесот на производство. Столбови на трансформацијата се иновациите и капацитетите на претпријатијата, зголемување на индустриската мрежа, стабилното производство, како и диверзификацијата на транспортот и експортот на пазарот“ – изјави Неби Хоџа, претседателот на Економската комора на северозападна Македонија.

Исто така, на оваа дебата беше истакнато дека во Р Македонија може да се создаде нова академска и научна платформа којашто со целиот свој академски капацитет ќе биде од корист за пронаоѓање нови алтернативи, со цел поинтензивен економски развој.